Тифани Трамп без грам шминка на одмор во Црна Гора (фото)
- Детали
- среда, 17 јули 2019
Со вишок килограми, несредена и без шминка, папараците успеале да ја уловат ќерката на Доналд Трамп низ улиците и рестораните во Тиват, Црна Гора.
Тифани Трамп е во посета на Црна Гора заедно со нејзиното момче, а престојува во еден од најскапите хотели, Regent, каде една вечер чини 2.000 евра.
Разгалената ќерка на Доналд е забележана на појадок во ресторан, на прошетка низ улиците на Тиват и на шопинг во светските брендови, каде наводно потрошила илјадници евра.
Иако ја чуваат телохранители, сепак нема проблем со слободно шетање, бидејќи за многумина е непрепознатлива со оглед на тоа што накачила неколку килограми плус и ужива во одморот без шминка.
Според гостите во рестораните, парот се однесувал сосема нормално и во ресторанот и на улица. Тие шетале и уживале покрај море и немале проблем да ги прашаат минувачите нешто што ги интересира.
Тифани Трамп непрепознатлива на одмор во Тиват заедно со момчето:
М. М. | Црнобело / фото: blic.rs