Блер си оди од Gossip Girl
- Детали
- вторник, 14 декември 2010
За жал, ова не е шпекулација. Лејтон Мистер попозната како Блер од ултра популарната серија Gossip Girl вели дека е цврсто одлучена да ја напушти серијата...
...но за 2 години од сега.
Лејтон, која што глуми во новата музичка драма “Country Strong” изјавила за EW дека иако ужива во работењето на серијата и живеењето во Њујорк, време е да се посвети на следните нејзини проекти.
Па, зошто 2 години? “Затоа што сум врзана со договор”, вели таа.
Според шпекулациите, минатиов август нејзината колешка Блејк Ливли (Серена) исто така сакала да излезе од серијата, но овие гласини биле негирани од главниот продуцент на серијата, Џош Шварц.
Покрај Серена, овие гласини се слушнаа и за контроверзната Тејлор Момсен (Џени), но не на нејзино на барање. Продуцентите сериозно размислувале да ја отпуштат поради нејзиното крајно недолично однесување.
Дали со заминувањето на Блер од серијата, истата ќе заврши останува да видиме за 2 години од сега.