Анџелина Џоли позира во неглиже и бањарка на балкон во Париз
- Детали
- вторник, 09 јули 2019
Облечена во неглиже и бањарка, Анџелина Џоли е префинета дама на балкон во Париз, додека позира за реклама на парфем.
Иако долг период се криеше од јавноста и работните обврски, Џоли се врати во форма, па повторно ќе ја видиме на филмското платно, но и во рекламите за брендовите.
Моментално, Анџелина е во Париз и снима реклама за брендот за парфеми Guerlain's. Облечена во неглиже и бањарка, елегантната Џоли мавта од балкон и ужива во погледот кон Ајфеловата кула.
44-годишната актерка истовремено е зафатена со снимањето на филмот Those Who Wish Me Dead, а во Париз беше забележана на прошетка заедно со Жаклин Бисет, двете облечени во бели комбинации.
Анџелина Џоли на снимање во Париз – зрачи со елеганција и убавина:
M. M. | Црнобело