Зошто Бредли Купер и Лејди Гага нема да бидат добар пар?
- Детали
- четврток, 13 јуни 2019
Неверојатната хемија помеѓу нив не би имала долг животен век. Двајцата останаа сингл, но зошто заедно не би успеале?
Кога осамна информацијата дека раскинале Ирина Шајк и Бредли Купер, фановите веднаш помислија на љубовен триаголник.
Хемијата помеѓу Бредли и ко-ѕвездата од „A Star is Born“ Лејди Гага поттикна многу гласини. Тие ја негираа врската, но токму во тој период двајцата останаа сингл.
Гага и Бредли се запознаа пред неколку години, но по повод снимањето на филмот минаа месеци и месеци заедно. Заедно гостуваа во емисии и имаа настапи.
Но, зошто врската на Гага и Бредли не би успеала? Зошто врската од старт e осудена на пропаст?
Дури и да почнат врска, Лејди Гага ќе биде обвинувана за разделба на едно семејство, Бредли ја има ќерката Леа со Ирина Шајк. На социјалните мрежи кај фановите од старт ќе има тензија против парот.
Плус, нивните пренатрупани распореди и кариери со интензивно темпо ќе им прават проблеми. Проектите неретко ќе ги носат на различни страни од светот и нема да минуваат доволно време заедно.
„Бредли по разделбата со мајката на неговото дете останува најмногу фокусиран на работата и во моментов се обидува да ја искористи секоја можна шанса за да ја унапреди“, тврди извор близок до актерот.
Приоритет му е да одржи здрав однос со малата Леа и неодамна, додека Ирина работеше модна кампања на Исланд, Бредли со Леа беше на краток одмор покрај едно езеро во Калифорнија.