Првиот брак му траел само 4 месеци – Со кои 7 убавици се забавуваше Бредли Купер пред Ирина Шајк?

44-годишниот актер е во фокусот на вниманието откако Ирина Шајк со куфери го напушти нивниот дом.

So-koi-7-ubavici-se-zabavuvase-Bredli-Kuper-pred-Irina-Shajk-01.jpg

Сè уште не се знае дали главниот виновник за разделбата е Лејди Гага, со која Бредли имаше неверојатна хемија за време на снимањето на римејкот A Star Is Born, но и надвор од филмскиот сет.

Во секој случај, повеќе од очигледно е дека згодниот харизматичен актер е повторно сингл. Да се потсетиме на неговите највпечатливи романси пред врската со Ирина Шајк:

Џенифер Еспозито

Актерката од Blue Bloods и Купер за прв пат се појавија заедно на црвениот тепих за време на наградите Златен Глобус до 2006 година. Тие се забавувале нешто помалку од 12 месеци пред да ја објавата свршувачката во октомври, 2006 год.

Се венчале кон крајот на декември на интимна церемонија во јужниот дел на Франција. Но, по само 4 месеци Џенифер поднела барање за развод. Во нејзиниот мемоар издаден во 2014 година таа го нарекла актерот „неверојатен манипулатор“.

So-koi-7-ubavici-se-zabavuvase-Bredli-Kuper-pred-Irina-Shajk (2).jpg

Изабела Брустер

Во 2009 година, Бредли започнал да се состанува со помладата сестра на Џордана Брустер, ѕвездата од серијалот Fast & Furious. Изабела работела како агент за пронаоѓање млади таленти, но според должината на нивната врска се чини дека не станувало збор за ништо пресериозно.

So-koi-7-ubavici-se-zabavuvase-Bredli-Kuper-pred-Irina-Shajk (7).jpg

Рене Зелвегер

Се запознале за време на снимањето на филмот Case 39, а започнале да се гледаат летото во 2009 година, веднаш по разводот на Рене со пејачот Кени Чесни. Нивната врска почнала да се „лади“ откако Бредли ја добил улогата во филмот Limitless. Двајцата актери се разделиле некаде во март, 2011 година поради нивните презафатени распореди.

So-koi-7-ubavici-se-zabavuvase-Bredli-Kuper-pred-Irina-Shajk (3).jpg

Џенифер Лопез

Веднаш по разделбата на Џенифер Лопез со сопругот Марк Ентони, таа беше забележана на низа состаноци со Бредли во есенскиот период во 2011 година. Сепак, врската ја карактеризирале како необврзувачка, пред двајцата да ја прекинат неколку месеци подоцна.

So-koi-7-ubavici-se-zabavuvase-Bredli-Kuper-pred-Irina-Shajk (5).jpg

Зои Салдана

Актерите ја започнале врската за време на снимањето на филмот The Words во 2012 година. Зои Салдана веќе се имала разделено од нејзиниот свршеник Кит Бритон. Салдана и Купер биле заедно околу една година пред да раскинат точно пред Новата година во 2012.

Веднаш по раскинувањето, Салдана започнала да се гледа со Италијанецот Марко Перего со кого се венчала тајно во јуни, 2013 година.

So-koi-7-ubavici-se-zabavuvase-Bredli-Kuper-pred-Irina-Shajk (1).jpg

Суки Вотерхаус

Британскиот модел и актерка Суки Вотерхаус која глумеше во филмовите Insurgent, The Bad Batch, и Billionaire Boys Club се состанувала со Бредли од март 2013 до март 2015 година. Нивната врска предизвика контроверзија поради разликата од 17 години меѓу нив.

Се разделиле по 2 години главно поради фактот што Бредли бил подготвен да основа семејство, а Суки не го сакала тоа, бидејќи имала само 23 години во тој период.

So-koi-7-ubavici-se-zabavuvase-Bredli-Kuper-pred-Irina-Shajk (4).jpg

Ирина Шајк

Рускиот супермодел и актерот започнале да се состануваат на почетокот на 2015, откако Ирина ја прекина 5-годишната врска со Кристијано Роналдо. Во март, 2017 година Ирина и Бредли тие го добија нивното прво дете Леа Де Селин.

Во јуни оваа година, двојката се раздели после 4 години врска и наводно се договараат околу деталите за старателството на нивната ќеркичка.

So-koi-7-ubavici-se-zabavuvase-Bredli-Kuper-pred-Irina-Shajk (6).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Бредли Купер со бизарно признание: „Се шетам гол пред ќерка ми Леа (6) - и татко ми правеше така“ „Во мојата спална соба, кадата, тоалетот и креветот се во истата просторија. Нем...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg