Родила дете на 14 години и уште 6 факти за ексцентричната Тамта - претставничката на Кипар за Евровизија
- Детали
- среда, 15 мај 2019
Тамта е евровизиската претставничка на Кипар, која годинава ја однесе земјата во големото финале со песната Replay.
Но, нејзиниот приватен живот е подеднакво интересен како и ексцентричната изведба и провокативниот изглед на сцена.
Што знаеме за Тамта?
1. Била родена и растена во Грузија.
Можеби се пробила на грчката музичка сцена, но била родена и растена во Грузија до својата 22-ра година.
2. Има 24-годишна ќерка.
Прекрасната, младолика Тамта е всушност мајка на 24-годишна девојка. Тамта се омажила со тогаш 16-годишниот поранешен сопруг, кога имала само 14 години. Неколку месеци подоцна, ја родила ќерката Ени.
3. Била на аудиција на Идол во 2003-та година.
Откако се преселила во Грција, Тамта ѝ помагала на мајка си во работата и била куќна помошничка. Но, во 2003-та година решила да си ја проба среќата на Идол, со оглед на тоа што од рана возраст ѝ било сон да стане пејачка.
https://www.youtube.com/watch?v=Vb6jr7dp6GI