По хаотичниот развод, Џони Деп има згодна, 30 години помлада девојка која веќе се преселила кај него
- Детали
- четврток, 25 април 2019
Полина Глен, за која се знае дека е во средината на 20-тите години, очигледно има сериозни намери со 55 годишниот актер Џони Деп. Уште минатата година се видени заедно на забава, а беа фотографирани и додека престојуваа во хотел во Белград.
Џони Деп помина низ хаотичен развод со Амбер Роуз, а изгледа утехата ја најде во младата згодна Русинка, која по професија е танчар и кореограф.
Парот првпат е забележан заедно уште во мај 2018-та година, но со оглед на тоа што романсата ја држат далеку од очите на јавноста, знаеме многу малку.
Сепак, папараците дознаваат дека веќе се преселила во домот на актерот и неколку месеци живеат заедно.
Дел од фотките направени во хотел во Белград:
Првото појавување во мај 2018-та: