Ех, растат деца!
- Детали
- вторник, 16 ноември 2010
На светската премиера на последното продолжение од филмската сага за Хари Потер, актерската екипа навистина покажа дека порасна, а ѕвезда на...
...вечерта била Ема Вотсон, која од почетокот ја има улогата на паметната Хермиона Грангер.
Ема Вотсон, која во текот на годината профилираше како млада модна икона и воедно стана заштитно лице на дизајнерската куќа Burberry, на црвениот килим ги засени и сите повозрасни колешки во краткото црно фустанче со гол грб.
Откако истече договорот за филмовите „Хари Потер“ актерката ја скрати својата препознатлива долга коса и сите обожаватели пријатно ги изненади со секси кратка фризура. Актерката, која ја доби улогата во филмот со само 9 години, заради договорот мораше да негува одреден тип на фризура.
Со текот на годините Ема Вотсон од слатко девојченце се претвори во девојка која точно знае што сака во животот, а во модниот свет стана вистинска инспирација.