12 ѕвезди кои се колнат дека не држат никаква диета и не вежбаат
Бар Рафаели
„Не држам диета и не си забрануваш ништо кога станува збор за храната. Сепак, преферирам да се хранам здраво. Не постои ништо на светот што не би го пробала“.
Модел за долна облека која не држи диета? Некои девојки навистина се родени под среќна ѕвезда.
Џенифер Анистон
„Престанав со држењето диети кога открив дека доволно е да јадам редовно и умерено“.
Актерката која наполни 50 години изгледа фантастично очигледно ја пронашла својата златна средина кога станува збор за исхраната.
Адел
„Би држела диета само доколку вишокот килограми влијаат на моето здравје или на сексуалниот живот“.
На Адел дефинитивно не ѝ е гајле како изгледа, освен доколку тежината нема влијание врз двете гореспоменати работи.
Џенифер Лоренс
„Вежбам, но не држам никаква диета. Бидејќи не можеш да вежбаш доколку си гладен, нели?“
Оскаровката постојано ја истакнува нејзината желба и потреба за помфрит и потврдува дека не би се откажала од ниту една вкусна храна за сметка на изгледот.
Кристен Стјуарт
„Сите изгледаме вака во мојата фамилија што значи дека немам потреба од вежбање и држење диети. Физички сум активна за време на снимањето на филмовите“.
Стјуарт е среќна жена со одлични гени која не мора премногу да се грижи за одржувањето на линијата на своето тело.
Селма Хајек
„Едноставно го држам своето тело на начин што ги активира сите мускули. Немам време за вежбање“.
Хајек тврди дека има тренер со чии методи ги прескокнува сите вообичаени начини на вежбање во теретаната.
(О)Милена | Црнобело