12 ѕвезди кои се колнат дека не држат никаква диета и не вежбаат
- Детали
- недела, 24 март 2019
Надворешниот изглед е практично сè во светот на славните. Тие најчесто добиваат големи хонорари со цел драстично да ослабат или да се здебелат за некоја улога.
Но, од нив секогаш се очекува да изгледаат прекрасно и да бидат слаби и згодни. Доколку мислите дека сите живеат на вода и лист марула, дефинитивно се лажете. Многу од нив тврдат дека не држат никаква диета, а други пак не сакаат да слушнат за каква и да било физичка активност.
Кои од ѕвездите одбиваат да држат диета и да вежбаат?
Сиена Милер
„Не сум личност скроена за во теретана. Додека бев во училиште обожавав спорт и натпреварувања, но тешко ми е да станам, да отидам во теретана и да почнам да трчам“.
Сиена беше принудена да вежба само поради улогите во филмовите G.I. Joe и Layer Cake, но признава дека повеќе би сакала да си седи на каучот дома.
Џиџи Хадид
„Секогаш велам, јади здраво со цел да станеш фит и изеди хамбургер со цел да си го зачуваш здравиот разум“.
Хадид ја има младоста на својата страна, па не се преоптоварува премногу со вежбање и отворено зборува за наклоноста кон јадење месо, што е вистинска реткост во светот на славните.
Џенуари Џоунс
„Не се лишувам од ништо кога станува збор за храната. Само го слушам телото кое самото ми кажува што му се јаде“.
Ѕвездата на ТВ серијата Mad Men потврдува дека понекогаш се опушта со помфритот и милкшејкот од јагода на McDonald’s доколку е расположена за ваков тип на храна.
Пријанка Чопра
„Не сум голем обожавател на вежбањето. Благословена сум со моите индиски гени, па немам потреба од физичка активност“.
Актерката позната по улогата во Quantico, признава дека никогаш нема да ја видите како крева тегови или да џогира.
Ема Стоун
„Открив дека имам скриен гнев во себеси додека држам тегови над мојата глава. Многу повеќе би сакала да спијам“.
Додека се подготвува за Spider-Man актерката открила дека навистина не може да го поднесе кревањето тегови.
Блејк Лајвли
„Навистина не ми е потребен личен тренер или пак да внимавам што да јадам. Може да го започнам денот со топло чоколадо и да го завршам со неколку коцки темно“.