Зошто Бијонсе и Џеј Зи примија награда пред портрет од Меган Маркл со круна?
- Детали
- четврток, 21 февруари 2019
Бијонсе и Џеј Зи не можеа да пристигнат во O2 арената во Лондон за церемонијата и доделувањето на Британските награди, сепак оддадоа почит и благодарност преку видео.
Парот прими награда за најдобра интернационална група, за Apeshit музичкото видео, во кое лежерно стоеја пред портретот на Мона Лиза во Лувр.
Во видеото за благодарност, Мона Лиза ја заменија со Меган Маркл, и тоа со круна.
Секако дека се крена фама околу овој гест, за неколку часа подоцна Бијонсе на Инстаграм да објасни зошто во позадина стоеше „кралицата Меган.“
„Во чест на Black History Month, се поклонуваме пред еден од нашите темнокожи водачи. Честитки за бременоста! Ти посакуваме многу убавини.“
Погледнете го целото видео:
М. Д. | Црнобело