Познати жени кои ги освоија мажи со милиони на сметка
Ники Хилтон и Џејмс Ротчилд
Иако и самата спие на милиони, наследничката на ланецот хотели успеа да најде партнер што има уште повеќе пари од неа. Џејмс Ротчилд е дел од познатото банкарско семејство, чијашто вредност е проценета на преку 400 билиони долари.
А, како ова да не е доволно, сопругот на Ники Хилтон има и импресивна биографија како партнер во мноштво други компании. Врската меѓу двајцата богаташи процуте во 2011 година, откако се сретнале на венчавката на заеднички пријатели во Италија.
Парот се врати во Италија три години подоцна, правејќи веридба на брод среде езерото Комо. Свадбената церемонија, пак, се одржа во 2015 година, и тоа ни помалку ни повеќе, во Кензингтонската палата. Лани двојката го дочека на свет второто дете,
Ив и Максимилион Купер
Раперката и милионерот се брачен пар од 2014 година. Максимилион Купер е британски дизајнер, скејтер, возач на трки и претприемач. Toj е извршен директор и коосновач на интернационално рели Gumball 3000. Се вљубиле еден во друг во 2010 година, а jа запроси три години подоцна на празникот Божиќ.
Пред да се огласат со соопштение, Ив сподели фотографија со која го покажа светкавиот прстен на профилот на Инстаграм. Следната година се венчаа на шпанскиот остров Ибица. Во оваа прилика, младоженецот не ја криеше радоста: „Пресреќен сум што ми стана сопруга. Целото искуство беше прекрасно и двајцата сме среќни што рипнавме во тавче.“
Музичарката, пак, во интервјуата признава дека конечно пронашла маж кој ќе ја смири: „Тој е единствениот што ме скроти. Врската ни е навистина добра. Среќна сум.“
Миранда Кер и Иван Шпигел
Љубовта помеѓу супермоделот и основачот на Snapchat датира од 2015 година. Се запознале на вечера организирана од Louis Vuitton во Лос Анџелес. Иако и Миранда Кер заработува милиони благодарение на манекенската кариера, сумата со која располага нејзиниот животен сопатник е далеку поголема.
Иван Шпигел се стекнал со 1.4 билиони долари на релативно млада возраст, а лани се најде на топ листата за 400 најбогати американци. Во јули 2016 година, убавицата ја најави нивната свршувачка на Инстаграм, објавувајќи фотка од вереничкиот прстен со опис: „Кажав да!!!“
Двојката се венчаше во мај 2017 година, приредувајќи интимна прослава за најблиските во домот во Калифорнија. Поканети биле под 50 гости, а според тврдењата на очевидците, младенците плачеле за време на целата свадба. Една година подоцна им се роди синчето Харт.
М. А. | Црнобело