Познати жени кои ги освоија мажи со милиони на сметка
- Детали
- петок, 25 јануари 2019
Мнозинството ѕвезди не чувствуваат притисок да стапат во брак со партнер што има многу пари. Тие и самите ги поседуват во изобилство, благодарение на нивните успешни кариери во светот на шоу бизнисот. Сепак – неретко е така.
Кога позната фаца ќе почне да се забавува со личност што се вбројува меѓу најбогатите луѓе во светот, секогаш е интересно да се дознае како всушност се споиле. Во повеќето случаи, станува збор за моќни двојки кои заедно „тежат“ огромна сума на пари.
Каде е љубовта во целата приказна? Според нивните тврдења, тие првенствено се сакаат и почитуваат едни со други, додека материјалните нешта им се споредни. И, додека за едни дами и врапчињата на гранка знаат дека „скапо“ се омажија, дел од имињата на листата сигурно ќе ве изненадат.
Ова се познатите жени кои ги освоија мажи со милиони на сметка:
Холи Валанс и Ник Кенди
Австралиската пејачка и глумица е мажена за Ник Кенди, богат трговец со недвижности. Заедно со неговиот брат градат луксузни апартмани во Англија и САД. Проценките се дека сопругот на ѕвездата денес има над 1.3 билиони долари на сметка.
Според пишувањето на британските таблоиди, двајцата почнале да се забавуваат во 2009 година. Првото јавно појавување на Холи Валанс со нејзиниот избраник се случи на забава во чест на стоте највлијателни жители на Лондон.
Во таа пригода, милијардерот призна дека се двојка: „Ние сме пријатели од одамна. Се знаеме со години.“. Судбоносното „да“ си го кажаа во 2012 година, одржувајќи гала забава во Лос Анџелес. Поканети беа 300 гости, а во чест на младенците пееше и легендарниот Елтон Џон.
Салма Хајек и Франсоа Пино
Мексиканската глумица и францускиот милијардер се во среќен брак од 2009 година. Франсоа Пино важи за еден од најбогатите мажи во светот, а проценките се дека „тежи“ околу 27.8 билиони долари. Импозантен е и податокот дека во само еден ден има заработено 1.7 билиони долари.
Наследникот на групацијата за луксузни брендови се венчаше со Салма Хајек на денот на вљубените, после долг период во кој беа свршени, а имаа и краток прекин на врската. Пред да застанат пред олтарот, станаа родители на ќерката Валентина.
Во интервјуата за медиумите, актерката нагласува дека ѝ се допаѓа што сопругот не ја третира како трофеј. „Работам напорно. Самата заработувам пари за себе. Сакам да бидам финансиски независна. Никогаш не би сакала целосно да зависам од никого. Но, кога некогаш имам проблеми, убаво е што имам некого да ми помогне.“
Гери Халивел и Кристијан Хорнер
И бунтовничката од популарнатата група „Spice Girls“ се скраси покрај маж со милиони на сметката. Кристијан Хорнер е шеф на тимот на Red Bull во Формула 1. За љубов на Гери Халивел, тој се раздели од партнерката Беверли Ален по четиринаесет години поминати заедно. Ја остави шест месеци по раѓањето на ќерката Олимпија.
Свекорот и свекрвата не ја дочекаа со воодушевување новата девојка на синот, која во јавноста доби репутација на растурачка на врски и бракови. Наспроти сите препреки, тие се венчаа во пролетта 2015 година, откако речиси година дена беа вереници.
Пејачката има изјавено дека по разводот на мајка си, чувствувала дека никогаш нема да најде вистинска љубов. „И тогаш го запознав него. Автоматски знаев дека го сретнав мажот со кого сакам да се омажам.“