Зависник од кокаин, ја тепал мајка ѝ: Зошто Ријана го тужи својот татко?
- Детали
- среда, 16 јануари 2019
На еден настан, под дејство на алкохол и дрога, паднал на црвениот тепих и ја посрамотил ќерка си, а сега заработува милиони со нејзиното име.
Ријана започна судски процес против својот татко Роналд. Поп ѕвездата го тужи поради употребата на нејзиното име за промовирање на неговата компанија Fenty Entertainment. Во тужбата е вметнато лажно рекламирање и напад на приватноста.
Пејачката која е родена како Робин Ријана Фенти (Robyn Rihanna Fenty) го тужи Ронаналд затоа што сака да направи профит од нејзината слава и дека заедно со неговиот бизнис партер си го унапредува бизнисот, лажно претставувајќи се како агент на Ријана.
Тие ја отвориле продукцијата и компанија за развој на таленти Fenty Entertainment во 2017 година и насекаде го користат нејзиното име за да профитираат. Заработиле милиони од луѓе на кои лажно им ветувале соработка со Ријана.
Иако нема дозвола да договара што било во име на ќерка си, Роналд закажал турнеја од 15 милиони долари во Латинска Америка, два концерти во Лос Анџелес и еден во Лас Вегас.
30-годишната Ријана има свој бизнис за козметика со името Fenty Beauty.
Пејачката и татко ѝ се во контакт, иако таа презема легални мерки против него. Роналд и нејзината мајка Моника се развеле кога Ријана имала 14 години, но таа и нејзините браќа останале блиски со него.
Ријана постираше и селфи фотки со татко ѝ на социјалните мрежи. Последната е од минатото лето кога таа, татко ѝ и мајка ѝ беа на патување во нејзиниот роден Барбадос.
Но, врската на Ријана и Роналд минува низ подеми и падови затоа што тој во минатото се борел со зависноста од кокаин и прекумерно консумирање на алкохол. Таа била сведок како Роналд физички ја малтретира мајка ѝ, а еднаш ѝ го скршил и носот.
Тој бил испратен дома од турнејата на Ријана во 2008 година затоа што пиел премногу и правел проблеми. Биле скарани две години пред да прозборат повторно.
Во 2013 пејачката му платила рехабилитациска програма од 58.000 долари во Малибу за да го спаси од затвор откако бил уапсен во Калифорнија, но во 2014 тој ја посрамоти на настанот Diamond Ball откако пијан падна на црвениот тепих.
С. С. | Црнобело