Доаѓа новиот член! Ким и Канје повторно ќе добијат бебе од сурогат мајка
- Детали
- среда, 02 јануари 2019
Иако малата Чикаго има само 11 месеци, нејзините родители се нестрпливи што поскоро да го прошират своето семејство со уште еден член.
Како што наведуваат светските таблоиди, познатиот пар, Канје Вест и Ким Кардашијан веќе очекуваат четврто бебе, повторно преку сурогат мајка.
Малата Чикаго овој месец ќе наполни една година, додека Норт има 5, а Сент 3 години.
Ким и Канје за медиумите многупати изјавиле дека сакаат што поголемо семејство, а во август за магазинот People Ким кажала дека „не се брзаат многу“ за уште едно бебе, покрај другите три.
Сепак, извори од семејството за медиумите често пати изјавувале дека парот е подготвен уште еднаш да се оствари во родителската улога, повторно по пат на сурогат мајка, како што е родена всушност и Чикаго.
Некои медиуми веќе наведуваат дека овојпат сурогат мајката носи машки ембрион и дека познатиот пар ќе добие син. Претходно, тие потврдиле дека имале два ембриона, едниот женски, од кој е родена Чикаго, а преостанал машки, кој според извори од семејството за US Weekly, треба да се роди на почетокот на мај.
Е. Д. | Црнобело