Скромната принцеза Мери ја има „најсиромашната“ кралска новогодишна елка (фото)
- Детали
- четврток, 20 декември 2018
Наместо вложување на цело богатство во новогодишното китење како Меланија Трамп на пример, принцезата Мери ја стави истата елка од лани, само со некои мали измени.
Принцезата Мери од Данска, која е мајка на 4 деца, деновиве откри како изгледа новогодишната елка во нејзиниот дом.
46-годишната принцеза е позната како една од најскромните принцези на светот, оди на кралски настани со патики и децата ги носи со велосипед на училиште, па не е чудно што и елката не е раскошна како онаа во британската кралска палата или пак како елката во Белата Куќа во САД.
Мери стави разнобојни лампиони на елката, а наместо сијалички годинава на неа постави свеќи. На врвот традиционално ја стави златната ѕвезда.
Како изгледа нејзината елка годинава:
Како изгледаше минатата година:
С. С. | Црнобело