Славни парови кои раскинаа во 2018 година - едни како пријатели, други со бришење од живите

7. Мак Милер и Аријана Гранде

2018 година не беше воопшто лесна за младата и талентирана изведувачка. Пред да расчисти со вереникот Пит Дејвидсон, во мај месец неславно ѝ заврши љубовта и со сега веќе покојниот рапер Мак Милер.

slavni-parovi-koi-raskinaa-vo-2018-godina-edni-kako-prijateli-drugi-so-brishenje-od-zhivite-14.jpg

Според порталот TMZ, врската помеѓу Аријана Гранде и прерано починатиот музичар се распаднала заради пренабиените агенди и распореди. Се забавуваа две години, а останаа во пријателски односи, сѐ до неговата смрт поради предозирање.

slavni-parovi-koi-raskinaa-vo-2018-godina-edni-kako-prijateli-drugi-so-brishenje-od-zhivite-15.jpg

8. Парис Хилтон и Крис Зилка

На самиот почеток од годината, богатата наследничка доби огромен веренички прстен во вредност од 2 милиони долари. Парис Хилтон и Крис Зилка се свршија на двегодишнината од нивната врска. Разгалената русокоса подоцна кажа дека желба ѝ е да направат дури три свадби.

slavni-parovi-koi-raskinaa-vo-2018-godina-edni-kako-prijateli-drugi-so-brishenje-od-zhivite-16.jpg

И, додека цел свет беше во очекување да се одржи барем првата најавена церемонија, таа раскина со партнерот кон крајот на месец ноевмри. Наводно ѝ било потребно време за да патува низ светот, промовирајќи ги своите козметички линии за нега на кожата и парфемите со нејзин потпис.

slavni-parovi-koi-raskinaa-vo-2018-godina-edni-kako-prijateli-drugi-so-brishenje-od-zhivite-17.jpg

9. Сем Смит и Брендон Флин

Добитникот на наградата Grammy и ѕвездата на „13 Reasons Why“, цело време постираа слатки објави на социјалните мрежи, додека на црвениот тепих оддаваа впечаток на хармонична љубовна двојка.

slavni-parovi-koi-raskinaa-vo-2018-godina-edni-kako-prijateli-drugi-so-brishenje-od-zhivite-18.jpg

По прекинот на врската во месец јуни, нештата драстично се променија. Обајцата се отследиле еден со друг на Инстаграм, а Сем Смит направил и чекор повеќе, бришејќи ги сите можни фотографии кои сведочат за минатото со Брендон Флин.

slavni-parovi-koi-raskinaa-vo-2018-godina-edni-kako-prijateli-drugi-so-brishenje-od-zhivite-19.jpg

10. Лиам Пејн и Шерил Кол

После две години во љубов, судијката и некогашниот учесник во шоуто за таленти „X Factor“, во месец јули ја прекинаа нивната озборувана врска. Во времето кога почнаа да се гледаат, тој беше 22-годишник, додека таа имаше 32 години и брак позади себе.

slavni-parovi-koi-raskinaa-vo-2018-godina-edni-kako-prijateli-drugi-so-brishenje-od-zhivite-20.jpg

Шерил Кол и Лиам Пејн ставија крај на шпекулациите кои кружеа извесно време, признавајќи дека не се повеќе заедно. Напишаа речиси идентични статуси на личните профили на Твитер. Пејачката и бившиот член на групата One Direction засекогаш ќе ги поврзува синот Беар.

slavni-parovi-koi-raskinaa-vo-2018-godina-edni-kako-prijateli-drugi-so-brishenje-od-zhivite-21.jpg

11. Холзи и Џи Изи

Од сите љубовни двојки на листата, раскинувањето на оваа е веројатно најдраматичното. Сѐ заврши со изневерената доверба на пејачката од страна на раперот. Холзи замрзна јајце клетки, плашејќи се дека заради ендометриоза, не ќе може да има деца со саканиот.

slavni-parovi-koi-raskinaa-vo-2018-godina-edni-kako-prijateli-drugi-so-brishenje-od-zhivite-22.png

А, што направи Џи Изи? Повеќепати спиел со други жени, како пред раскинувањето, така и по помирувањето со музичарката. Кога конечно ѝ пукна филмот, таа од прељубникот се збогува со брутална порака на Инстаграм, покажувајќи му дека ги има прокоцкано сите шанси одново да бидат заедно.

slavni-parovi-koi-raskinaa-vo-2018-godina-edni-kako-prijateli-drugi-so-brishenje-od-zhivite-23.jpg

12. Џастин Теру и Џенифер Анистон

По две и пол години поминати во брак, а седум како љубовен пар, холивудските ѕвезди во месец февруари ги потврдија гласините дека се разделуваат. Одлуката за развод била обострана, а наводно ја донеле сложно кон крајот на минатата година.

slavni-parovi-koi-raskinaa-vo-2018-godina-edni-kako-prijateli-drugi-so-brishenje-od-zhivite-24.jpg

Со заедничкото соопштение испратено до медиумите, актерката Џенифер Анистон и сопругот Џастин Теру тврдеа дека ќе останат во добри односи. „Иако патиштата како двојка ни се раздвојуваат, имаме желба и понатаму да го негуваме нашето пријателство. А, пред сѐ, одлучни сме да ја одржиме длабоката почит и љубов што ја чувствуваме еден кон друг.“

slavni-parovi-koi-raskinaa-vo-2018-godina-edni-kako-prijateli-drugi-so-brishenje-od-zhivite-25.jpg

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Пит и Клуни стареат со стил: Позираат за GQ во вилата во Франција за која се тужат Бред и Анџелина „Ми се случува да се запознаам со луѓе, а тие да ми речат: Мислев дека си постар...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg