Митови за ѕвездите кои немаат врска со вистината – а многумина уште веруваат во нив
6. Клое Кардашијан не е ќерка на Роберт Кардашијан.
Бидејќи старлетата има најмала физичка сличност со познатите сестри, во јавноста се појавија гласини дека причината е што не се деца од исти родители.
Поточно, татко на Клое не е адвокатот Роберт Кардашијан, туку неговиот клиент – обвинет за убиство на сопругата. Се работи за поранешната американска рагби ѕвезда О Џеј Симпсон, со кого Крис Џенер наводно имала афера.
Откако годинава беше прашан дали се радува за бременоста на „ќерката“, тој конечно се огласи со одговор: „Да, се радувам за Боб. Бог нема му ја благослови душата. За мене не знам. Би бил горд, но верувајте ми, јас немам ништо со тоа.“.
7. Памела Андерсон има извадени ребрa.
Факт е дека американската секс бомба има направено повеќе пластични операции во текот на кариерата. Дел од корекциите ѝ се видливи со голо око, додека останатите се посуптилни.
Можеби затоа беше неправедно обвинета и за интервенција на која никогаш не се подложила. Памела Андерсон не извадила ниедно ребрo за половината да ѝ биде помала.
Медиумите го пишуваа спротивното, тврдејќи дека се решила на ваков чекор додека се снимала теливизиската серија „Baywatch“, каде глумеше атрактивна спасувачка на плажа. Правдата во конкретниот случај е на страната на фаталната русокоса.
8. Меган Фокс е трансексуалец.
Трачот за холивудската убавица е дефинитивно најкомичниот. Во 2009 година, актерката и моделка даде саркастична изјава дека е маж и личи на Алан Алда на црвениот тепих.
Сеирџиите пресериозно ја протолкуваа ваквата иронична забелешка на Меган Фокс, па почнаа да копаат во нејзиното минато. На површина ислива сатиричната информација дека вистинското име ѝ е Мичел Фокс. А, таа само додаде масло на оганот, декларирајќи се како бисексуална.
Оттогаш нагло се зголемени онлајн пребарувањата за полот на глумицата. Сепак, за биолошка мајка на три деца е смешно да се каже дека е трансексуалец, зар не?
9. Тупак Шакур не е мртов.
Ако сте еден од милионите фанови кои одбраа да веруваат дека нивниот идол е сѐ уште жив, тогаш ќе мора да ве разочараме. Тупак Шакур е сепак одамна мртов.
Невкусната лага започна кога фејк страницa на CNN, објави приказна дека раперот е забележан со пријатели во Беверли Хилс. Дел од обожавателите се понадеваа дека ова е вистина, правејќи ја објавата вирален хит. Медиумите набрзо негираа дека станува збор за релевантна вест од вистинската CNN.
Но, дури ни тоа не ги спречи фанатиците наивно да веруваат во она што го видоа на интернет. „Забележан“ е во повеќе наврати, иако почина во далечната 1996 година.
10. Барбра Стрејсенд глумела во филмови за возрасни.
Последниот мит не е ништо повеќе од случај со погрешен идентитет. Барбра Стрејсенд се здоби со слава поради неверојатниот глас и извонредните актерски талент.
А, според таблоидите, пред да стане позната, таа наводно била порно ѕвезда. И ова е далеку од вистината. Легендарната пејачка никогаш не глумела во филмови за возрасни. Само еднаш има позирано за магазинот Playboy. Од каде произлегоа лажните информации?
Бидејќи има двојничка по име Таша Вокс, која е глумица во конкретниот жанр. Обете се родум од Бруклин и наликуваат една на друга, но тука завршува споредбата меѓу нив.
М. А. | Црнобело