Митови за ѕвездите кои немаат врска со вистината – а многумина уште веруваат во нив
- Детали
- недела, 25 ноември 2018
Колкупати досега сте прочитале дека латино дивата Џенифер Лопез го има осигурано задникот на стотици милиони долари? За кои холивудски дами светот полемизираше дали навистина се жени? Го имате ли видено шестиот прст на стапалата од оскаровката Хали Бери?
Жолтиот печат е полн со сензационалистички вести за богатите и славните. Јавноста е гладна за секакви пикантерии од нивните животи, па неретко ги проголтува и сервираните лаги од таблоидите. За дел од познатите фаци, со години циркулираат погрешни информации, кои се и повеќе од апсурдни.
Ова се митовите за ѕвездите кои немаат врска со вистината, а многумина уште веруваат во нив:
1. Хали Бери има шест ножни прсти.
Откако се објави полемична фотографија на интернет во 2005 година, започна лавината написи со кои се тврди дека оскаровката има вишок прсти на нозете.
Ваквиот трач ја прогонуваше Хали Бери цела деценија, иако повеќепати го демантираше како невистина. Во 2017 година, глумицата конечно стави крај на нагодувањата.
Гостувајќи во телевизиската емисија „Extra“, таа за последен пат одговори на шпекулациите. „Сакам да расчистиме. Многумина мислат дека имам по шест прсти на стапалата. Ама, јас немам дванаесет прсти на нозете.“.
2. Бред Пит напиша љубовно писмо за Анџелина Џоли.
Во март 2012 година, по социјалните мрежи почна да кружи емотивното писмо, каде Бред Пит наводно открива како љубовта кон Анџелина Џоли ѝ го спасила животот. Меѓу другото, пишуваше дека глумицата драматично ги изгубила килограмите, па имал потреба јавно и приватно да ја поткрепи саканата.
Две години подоцна, двајцата се венчаа и основаа семејство. Публицистот на холиудскиот актер негираше за порталот Snopes дека неговиот пулен има било каква врска со споменатото писмо, иако беше потпишано со името на Бред Пит.
Веројатно нема никогаш да се дознае кој е оригиналниот автор, но дефинитивно не се зборови од поранешниот сопруг на Анџелина Џоли.
3. Џенифер Лопез го осигурала задникот на милионски суми.
Неспорно е дека физичкиот изглед во голема мера придонесе за успехот на латино дивата. Настрана музичката и филмската кариера, таа од самите почетоци е препознатлива по нејзината заоблена позадина.
Бидејќи како изведувачка е подложна на ризици од повреди, во 1999 година се прошири веста дека го има осигурано телото на милијарда американски долари, вклучувајќи 300 милиони само за задникот.
Луѓето им поверуваа на написите во The Sun и The New York Post, иако се работело само за шокантни наслови со цел да се продадат што повеќе весници. Џенифер Лопез гласно им се потсмеа на ваквите гласини, нарекувајќи ги „многу смешни“.
4. Лејди Гага не е 100% жена.
ЛГБТ иконата е чист пример за стереотипноста на Холивуд. Лејди Гага е прекрасна девојка, ама не и убавица во класичната смисла на зборот, поради што едно време се појавија гласини дека екстравагантната изведувачка лажно се претставува.
Бизарните умови тврдеа дека пејачката е всушност хермафродит. Иако првично не ѝ паѓаше на памет да ги коментира ваквите шпекулации, тие продолжија да се шират, па принудена беше засекогаш да ги разјасни работите.
Запрашана дали е вистина дека е делумно маж, а делумно жена, поп ѕвездата беше децидна во одговорот. „Не. Уживам да си поигрувам со андрогеноста и да ги поместувам границите.“
5. Мајли Сајрус била трудна на 14 години.
Популарните деца раснат под невиден притисок од јавноста. Кога имаше само четиринаесет години, дизниевата ѕвезда се најде под лупа поради наводната бременост.
Тинејџерката во претходни интервјуа непромислено ги подгреала шпекулациите на темата. Кога се рашири веста дека Мајли Сајрус е трудна, тогаш малолетната глумица и пејачка се одбрани како знаеше и умееше.
„Не сакам да имам деца и да си ја изгубам фигурата од премлада возраст.“ . Девет месеци подоцна, бебе немаше ниту на повидок, но тоа не ги спречи луѓето уште да веруваат во оваа лага.