Не е само Меган Маркл: Кои се ѕвездите со чудни предбрачни договори?

Омилената трудница не е единствената славна личност што имала посебни барања од сопругот. На списокот ѝ се придружуваат повеќе добро познати фаци од светот на шоу бизнисот.

ne-e-samo-megan-markl-koi-se-dzvezdite-so-najbizarni-predbrachni-dogovori-1.png

Меган Маркл во последно време ужива во наклонетоста на светската јавност. Новата членка на британската монархија привлекува внимание каде и да се појави. Од друга страна, медиумите неуморно копаат во минатото на војвотката од Сасекс.

ne-e-samo-megan-markl-koi-se-dzvezdite-so-najbizarni-predbrachni-dogovori-2.jpg

Деновиве ги откривме деталите од нејзиниот предбрачен договор со првиот сопруг, кои дефинитивно фрлаат ново светло врз избраничката на принцот Хари. Пред склопувањето на бракот во 2011 година, Меган Маркл побарала од Тревор Енгелсон да потпише т.н. „договор за бременост“.

ne-e-samo-megan-markl-koi-se-dzvezdite-so-najbizarni-predbrachni-dogovori-3.jpg

На овој начин, тогашната актерка сакала да го осигура детето и се обезбеди со сите потребни луксузи како мајка. Ја разоткри близок пријател, кој тврди дека побарала личен тренер и нутриционист, како и задолжителна дадилка од сопругот, за да таа може што поскоро да се врати на работа.

ne-e-samo-megan-markl-koi-se-dzvezdite-so-najbizarni-predbrachni-dogovori-4.jpg

Колку и да звучи необично поставувањето вакви услови на партнерот со кого сте во љубов, ова не е реткост во светот на богатите и славните. Напротив. Немала само модерната „принцеза“ специфични барања. Тие се стандардна пракса.

Ви издвојуваме дел од ѕвездите со чудни предбрачни договори:

Том Круз и Кејти Холмс

Многумина се сомневаа во бракот на славната двојка од самиот почеток. Том Круз и Кејти Холмс се венчаа во 2006 година, а паралелно со останатите проблеми, сaентолошката вера на глумецот им ја докрајчи љубовта. Се разведоа во 2012 година.

ne-e-samo-megan-markl-koi-se-dzvezdite-so-najbizarni-predbrachni-dogovori-5.jpg

Што се однесува до предбрачниот договор, во него наводно пишувало дека на сопругата ѝ следува надомест од три милиони долари годишно, сѐ  додека таа цифра не достигне 33 милиони.

Значи, по единаесеттата година од бракот, таа ќе беше сопственичка на половина од богатството на партнерот.

ne-e-samo-megan-markl-koi-se-dzvezdite-so-najbizarni-predbrachni-dogovori-6.Jpeg

Сепак – во реалноста не испадна така. После пет години и половина заедно, Кејти одвај се извлече од бракот со Том. А, годишно добива 400 илјади долари за потребите на ќерката Сури.

Клое Кардашијан и Ламар Одом

Старлетата и кошаркарот застанаа пред олтар по само месец дена во врска. Но, дури и тоа кратко време им било доволно да состават прилично бизарен договор. И по сѐ изгледа фатален за пропаднатиот спортист, ако навистина се исполнува(л).

ne-e-samo-megan-markl-koi-se-dzvezdite-so-najbizarni-predbrachni-dogovori-7.jpg

Прво, во него пишува дека сопругата ќе добива половина милион долари по година, па за четирите години поминати во брак, Клое Кардашијан „заработила“ 2 милиони долари. Освен споменатиот износ, предвидено е доживотно да ужива во ВИП-седиштата на натпреварите на Los Angeles Lakers.

Ѝ следуваат пет илјади долари за шопинг, 25 илјади долари месечна финансиска поддршка и илјада долари за инвенстирање во сопствениот изглед. И да – плус си ќари куќа.

ne-e-samo-megan-markl-koi-se-dzvezdite-so-najbizarni-predbrachni-dogovori-8.jpg

Меѓутоа, имајќи предвид дека од тогаш до денес богатството на Кардашијанови повеќекратно се зголеми, а Ламар Одом се најде во пеколот на дрогата и алкохолот, се соменаваме дека поранешниот сопруг целосно се придржувал до условите.

Марк Закерберг и Присила Чен

Од поодамна се знае дека основачот на Фејсбук не е класичен славен фраер. Напротив – се чини како ѕвездениот статус воопшто да не го интересира. Во прилог на ваквата теза е и предбрачниот договор што го потпишал со сопругата Присила Чен.

ne-e-samo-megan-markl-koi-se-dzvezdite-so-najbizarni-predbrachni-dogovori-9.jpg

Иако Марк Закерберг важи за еден од најбогатите луѓе на светот, содржината на договорот не се темели на пари. Во него пишува дека брачната двојка ќе мора неделно да помине барем 100 минути заедно, како и да имаат макар една љубовна средба.

А, во текот на неа, се разбира, не смее да ја користат социјалната мрежа.

ne-e-samo-megan-markl-koi-se-dzvezdite-so-najbizarni-predbrachni-dogovori-10.jpg

Колку и да ни се слатки како пар, мора да признаете дека е малце чудно што распределбата на заедничкото време им е пропишано со договор.

Ким Кардашијан и Канје Вест

Ниедна бизарна листа не би била комплетна без нивните имиња. Предбрачниот договор на старлетата и раперот содржи една прилично луда клаузула.

ne-e-samo-megan-markl-koi-se-dzvezdite-so-najbizarni-predbrachni-dogovori-11.jpg

Ким Кардашијан и Канје Вест потпишале дека Крис Џенер, познатата мама и менаџерка, не смее да им се меша во одлуките поврзани со кариерата. Остатокот е прилично незанимлив.

Ако се разведат, ѕвездата на реалното шоу ќе ги задржи сите можни подароци кои некогаш ги добила, а ѝ следува и милион долари за секоја година помината во бракот. Сопругот, нормално, нема да поседува права на нејзините лични приходи.

ne-e-samo-megan-markl-koi-se-dzvezdite-so-najbizarni-predbrachni-dogovori-12.jpg

Иако приказната околу парите е класична, дали сте слушнале пар со предбрачен договор да ѝ стави „вето“ на свекрвата или мајката на жената? Нешто ни вели дека дел од читател(к)ите ќе подразмислат за ваквата опција во иднина.

Бред Пит и Анџелина Џоли

Двајцата од старт на врската беа мошне контроверзен пар. Од изневерувањето на Џенифер Анистон, па до актуелниот фатален развод преполн со скандали, Бред Пит и Анџелина Џоли непрестаjно ја интригираа јавноста.

ne-e-samo-megan-markl-koi-se-dzvezdite-so-najbizarni-predbrachni-dogovori-13.jpg

Верувале или не, нивниот предбрачен договор се темелел на – верноста. Постои клаузула според која во случај на прељуба од страна на сопругот, старателството над децата го добива глумицата.

Парични износи не се споменати, ама очигледно е дека убавата Енџи највеќе се плашела од кармата.

ne-e-samo-megan-markl-koi-se-dzvezdite-so-najbizarni-predbrachni-dogovori-14.jpg

Постапката за раскинување на бракот е уште во процес, а таа го обвини поранешниот партнер дека не плаќа алиментација. Од друга страна, актерот тврди дека нејзината единствена желба е да манипулира со медиумите. Штета, зар не?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Платил над 30 милиони за да се разведе од сопругата за 65 секунди - Како Мистер Бин ги троши милиони... За него велат дека е човек кого разводот скапо го чинел. Разводот му траел само ...
Експериментирал со хомосексуални врски, се борел со зависности – Помалку познати факти за Том Харди Во една пригода откри дека бил подготвен да ја продаде и мајка му за да најде оп...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Славни личности кои се венчаа без предбрачен договор (и платија скапо за тоа) Џеј Ло не учи од своите грешки – на вториот сопруг му исплати 13 милиони по разв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg