Првите мажи на славните жени: Џенифер Лопез во брак со келнер, Хајди Клум се зема со фризер

Општо познато е дека браковите немаат долг рок на траење во Холивуд. А, ѕвездите не се колебаат да го изговорат судбоносното „да“ и по повеќепати. Со кого дел од познатите дами го имаа премиерното искуство?

 prvite-mazhi-na-slavnite-zheni-djenifer-lopez-vo-brak-so-kelner-hajdi-klum-se-zema-so-frizer-1.png

И врапчињата на гранка го познаваат раперот Канје Вест, последниот маж со кого старлетата Ким Кардашијан заплови во брачните води. Денеска се родители на три деца и важат за една од најмоќните двојки во светот.

 prvite-mazhi-na-slavnite-zheni-djenifer-lopez-vo-brak-so-kelner-hajdi-klum-se-zema-so-frizer-2.jpg

Многумина се сеќаваат и на неговиот претходник, кошаркарот Крис Хамфрис, на кого ѕвездата на реалното шоу исто така му го кажа судбоносното „да“ пред објективот на камерите. За волја на вистината, од самиот почеток се знаеше дека љубовната идила нема долго да им трае.

 prvite-mazhi-na-slavnite-zheni-djenifer-lopez-vo-brak-so-kelner-hajdi-klum-se-zema-so-frizer-3.jpg

Но, што е со првиот сопруг на познатата убавица? Доколку пребарате на интернет, нема да пронајдете ни заедничка фотка од двојката, а камоли снимка од нив. Се чини како да е избришан од колективната меморија, по желба или не на фамилијата Кардашијан. А, цели четири години беа во брак.

 prvite-mazhi-na-slavnite-zheni-djenifer-lopez-vo-brak-so-kelner-hajdi-klum-se-zema-so-frizer-4.jpg

Истото важи и за дел од останатите големи ѕвезди. Поради бројноста на последователни партнери, краткотрајноста на бракот или сосема трети причини, дел од нивните први сопружници малкумина ги паметат, или, пак, забораваат дека тие некогаш застанале пред олтарот со овие познати дами.

 prvite-mazhi-na-slavnite-zheni-djenifer-lopez-vo-brak-so-kelner-hajdi-klum-se-zema-so-frizer-5.jpg

Се сеќавате ли дека Џенифер Лопез беше во брак со келнер? Или дека Хајди Клум се зема со фризер? Ова се првите мажи на славните жени:

Хајди Клум и Рик Пипино

Манекенката со германско потекло првпат застана пред олтарот во 1997 година. Хајди Клум го кажа судбоносното „да“ на познатиот фризер Рик Пипино.

 prvite-mazhi-na-slavnite-zheni-djenifer-lopez-vo-brak-so-kelner-hajdi-klum-se-zema-so-frizer-6.jpg

Се разделија после пет години во брак. „Имав 23 години и отсекогаш сонував да се омажам и облечам бел фустан. Меѓутоа, не ни одеше.“, призна моделката во една прилика.

 prvite-mazhi-na-slavnite-zheni-djenifer-lopez-vo-brak-so-kelner-hajdi-klum-se-zema-so-frizer-7.jpg

Ким Кардашијан и Дејмон Томас

Првиот партнер на кого старлетата му се заколна на вечна љубов е музичкиот продуцент Дејмон Томас. Ким Кардашијан се омажи кога имаше само 19 години. Заради него наводно побегнала од дома и се венчале во тајност.

 prvite-mazhi-na-slavnite-zheni-djenifer-lopez-vo-brak-so-kelner-hajdi-klum-se-zema-so-frizer-8.jpg

Но, односот со сопругот не ѝ беше воопшто идиличен. Во бракот издржа од 2000 до 2004 година, по што убавицата поднесе документи за развод, тврдејќи дека била жртва на физичко и психичко насилство.

 prvite-mazhi-na-slavnite-zheni-djenifer-lopez-vo-brak-so-kelner-hajdi-klum-se-zema-so-frizer-9.jpg

Бритни Спирс и Џејсон Александер

Првото искуство на поп принцезата беше со рекордно краток век. Бритни Спирс се омажи за нејзиниот другар од детството Џејсон Александер во јануари 2004 година.

 prvite-mazhi-na-slavnite-zheni-djenifer-lopez-vo-brak-so-kelner-hajdi-klum-se-zema-so-frizer-10.jpg

Церемонијата се одржала во Лас Вегас. 55 часа подоцна – тие го поништија бракот. „Ги потпишав документите затоа што сум фин дечко. Не добив пари. Постапив според чувствата. И се надевав дека пак ќе бидеме заедно.“, беше изјавата на момчето кое преку ноќ стана ѕвезда.

 prvite-mazhi-na-slavnite-zheni-djenifer-lopez-vo-brak-so-kelner-hajdi-klum-se-zema-so-frizer-11.jpg

Анџелина Џоли и Џони Ли Милер

Кога во 1996 година се омажи за првиот сопруг, холивудската убавица беше на само 21-годишна возраст. Анџелина Џоли му го подари срцето на колегата Џони Ли Милер.

 prvite-mazhi-na-slavnite-zheni-djenifer-lopez-vo-brak-so-kelner-hajdi-klum-se-zema-so-frizer-12.jpg

Двајцата се запознале на сетот за филмот „Hackers“. По разделбата во 1999 година, поранешните сопружници останаа во добри осноси.

 prvite-mazhi-na-slavnite-zheni-djenifer-lopez-vo-brak-so-kelner-hajdi-klum-se-zema-so-frizer-13.jpg

Џенифер Лопез и Охани Ноа

Латино дивата има три пропаднати брака и повеќе неуспешни врски позади себе. А, дефинитивно не ѝ се посреќи со првиот сопруг – кубанскиот келнер Охани Ноа.

 prvite-mazhi-na-slavnite-zheni-djenifer-lopez-vo-brak-so-kelner-hajdi-klum-se-zema-so-frizer-14.jpg

Неговиот брак со Џенифер Лопез траеше од 1997 до 1998 годинa, а денес на ѕвездата се обидува да ѝ го загорчи животот. „Јас планирав целиот живот да го поминам со неа. Тоа не се случи. Ја одбра кариерата наместо мене.“.

 prvite-mazhi-na-slavnite-zheni-djenifer-lopez-vo-brak-so-kelner-hajdi-klum-se-zema-so-frizer-15.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg