Првите мажи на славните жени: Џенифер Лопез во брак со келнер, Хајди Клум се зема со фризер
Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс
Пред да ѝ стане венчан маж на Блејк Лајвли, глумецот Рајан Рејнолдс беше во љубов со друга русокоса убавица. Поточно, тој е првиот партнер со кого занесната Скарлет Јохансон реши да заплови во брачните води. Останаа заедно во периодот од 2008 до 2011 година.
Актерката тешко ја поднесе разделбата. „Се разбира дека разводот е ужасен. Мене целосно ме скрши. Потполно ме избезуми. Никој не може да ви го даде вистинскиот одговор, ниту пак сакате да го слушнете. Се чувствувате осамено. Тоа е најсамотничкото искуство што може да го доживеете во животот.“
Кејт Винслет и Џим Триплтон
Милионите фанови кои се надеваа дека Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо ќе бидат љубовна двојка и во приватниот живот, останаа разочарани од изборот за сопружници на актерката.
Првиот брак ѝ беше со режисерот Џим Триплтон. Се земаа во 1998 година, а разведоа во 2001. Заедно се родители на ќерката Миа. Лео е сè уште ерген.
Кармен Електра и Денис Родман
Емотивниот живот на актерката ѝ го обележа вториот брак со рок музичарот Дејв Наваро. Таа и денес гласно зборува за нивната љубов, надевајќи се дека еден ден сепак ќе се смират.
Меѓутоа, пред да го запознае него, Кармен Електра се омажи за контроверзниот кошаркар Денис Родман. Тие се земаа во Лас Вегас во 1998 година. И наскоро се разведоа. „Бракот е огромна обврска. Многу документи и многу емоции. Тешко е.“, изјави таа една деценија подоцна.
Мадона и Шон Пен
Тие беа симбол за љубовта во ерата на ’80-тите. Првиот маж со кого се скраси нескротливата Мадона беше славниот глумец Шон Пен.
Нивниот брак траеше од 1985 до 1989 година. Потоа пејачката се омажи за режисерот Гај Ричи, а по разводот и од него, почна да се забавува со сè помлади и помлади фраери.
Рис Витерспун и Рајан Филипе
Последна е љубовната приказна на Рис Витерспун и Рајан Филипе, кои ги полнеа насловните страници речиси една декада. Се запознале на 21-иот роденден на глумицата во 1997 година, а две години подоцна, ним им припаднаа улогите во филмската класика „Cruel Intentions“.
Како сопружници, пак, функционираа од 1999 до 2007 година. Родители се на две деца. „Кога правите погрешни избори, мора да ја преземете одговорноста за сторените грешки. Само се надевам дека сум научила нешто, па нема пак да ги повторам.“, гласеше дадениот коментар на актерката по разводот од првиот сопруг.
М. A. | Црнобело