Скандал на аеродром: Познати фаци кои биле избркани од авион
Кортни Лав
Не мора да влезете во физичка пресметка, за да излезете со лисици од авионот. Кортни Лав го има почувствувано ова на сопствена кожа во 2003 година. Откако се пуштила во вербален напад на екипажот од Virgin Atlantic, тие повикале полиција, тврдејќи дека претставува опасност за другите патници.
Што е причината за нејзиното лошо однесување? Рокерката првин одбивала да седне, а потоа и да се врзе со безбедносниот појас. По слетувањето била приведена на аеродромот во Лондон.
Кристијан Слејтер
Во далечната 1994 година, холивудскиот глумец се обидел да патува со пиштол без дозвола во куферот.
Ваквата огромна „грешка“ го чинела апсење на аеродромот, по што добил казна од три дена општествено-корисна работа.
Ивана Трамп
Пискотниците може да бидат доста напорни за време на летовите. Ама, безобразната реакција од првата сопруга на претседателот на САД, воопшто не била очекувана. Инцидентот се случил во 2009 година.
Не можејќи да ги поднесе повеќе, Ивана Трамп почнала да вришти, колне и навредува група деца со вулгарни зборови. Очекувано – дури и на оваа дама ѝ го покажале патот кон излезот.
Ламар Одом
Поранешниот кошаркар и животен сопатник на Клое Кардашијан, беше отстранет од летот поради интоксикација. Ламар Одом тргнал на пат со многу промили алкохол во јули 2016 година.
Откако повратил повеќепати и насекаде низ авионот, веднаш било побарано од него да си замине. Но, ова не е крајот на приказната. Спортистот одново пробал да влезе во леталото, па повторно го испратиле до излезот и по вторпат.
Тара Рид
Американската глумица е единствената ѕвезда на листата што не си замина сама. Тара Рид бeше избркана заедно со нејзиното куче, по недоразбирањето околу тоа каде му е местото.
Таа помислила дека намерата на стјуардот е да го постави во одделот за кабински торби, што се наоѓа над главата на патниците. „Барањето му беше апсурдно, имајќи предвид дека животните не можат таму да дишат.“
Други извори, пак, посочија дека од актерката всушност се очекувало само да го остави транспортерот, а миленичето да ѝ остане во скутот. Бидејќи упорно се расправала и негодувала, вработените во Delta процениле дека не е погодна да лета со компанијата.
Били Џо Армстронг
Фронтменот на рок групата Green Day, пак, добил забрана за влез на летот од Southwest Airlines, затоа што панталоните ги носел прениско на колковите.
За инцидентот во 2011 година, Били Џо Армстрог отпосле и се „пожали“ на Твитер, пишувајќи: „Само што ме избркаа од авион заради спуштените панталони! Не се шегувам.“
Селма Блер
После скандалозниот испад на лет во јуни 2016 година, актерката беше изнесена на носила од авионот. А, како причина за изливот на емоции се смета комбинацијата од алкохол и препишани лекови.
Селма Блер патувала со четиригодишниот син од Канкун до Лос Анџелес, кога одненадеж почнала да плаче и зборува дека се плаши од неименуван човек. На помош биле повикани болничари, кои со неа се справиле по слетувањето на аеродромот.
Жерар Депардје
Легендарниот француски глумец бил заглавен на одложен лет од Париз до Даблин во август 2011 година. Откако стјуардесите одбиле да го пуштат во тоалет, актерот решил да се „олесни“ на седиштето.
Жерар Депардје се обидел да мокри во шише, но дел од урината завршила на подот, што довело до негово отстранување од авионот.
М. А. | Црнобело