Скандал на аеродром: Познати фаци кои биле избркани од авион
- Детали
- среда, 24 октомври 2018
Чии спуштени панталони го прекршија кодексот на однесување? Кои славни личности имаа вербална или физичка пресметка со стјуардеси? На кого во багажот му беше пронајдено оружје без дозвола?
Кога е безбедноста на патниците во прашање, не смее да се прават никакви отстапки. Тоа најдобро го знаат ѕвездите, кои поради своите недолични испади, наишле на отпор при обидот да полетаат кон одредена дестинација. И приредиле скандал на аеродром – како вистински кралици на драмата.
Ова се познатите фаци кои биле избркани од авион:
Кејт Мос
Манекенката направила сцена на лет од нискобуџетната компанија EasyJet во 2015 година.
Откако одбиле да ја послужат со алкохол, Кејт Мос го истурила бесот врз стјуардесите. A, тие набрзо ја испратиле – до излезната врата од авионот.
Џонатан Рис Мајерс
Глумецот, пак, има долга историја во драми со слично сценарио. Првиот инцидент се случил во 2010 година, кога Џонатан Рис Мајерс се опил во лобито за патници од прва класа, додека чекал на аеродромот во Њујорк.
При качувањето во авион, тој се однесувал агресивно и проблематично, па не му бил дозволен влез. Ова само ја влошило ситуацијата, која ескалирала и со физичка пресметка. Оттогаш доби трајна забрана да лета со United Airlines.
Годинава приреди реприза, кога во месец јули беше задржан во алкохолизирана состојба. Актерот со ирско потекло се обидел да пуши, врескал на сопругата и им се заканувал на патниците за летот од Мајами до Лос Анџелес. Подоцна се извини и отиде на терапија.
Ферги
Во 2007 година, пејачката се обидела да се качи на летот од компанијата Virgin Atlantic, заедно со колегите од бендот Black Eyed Peas. Но, количеството алкохол што претходно го испила, дента ја чинело седиште во авионот.
Ферги била до таа мера пијана, што не можела ни правилно да оди. Кога ѝ соопштиле дека не е дозволено да патува во таква состојба, незадоволната ѕвезда почнала да им се дере на вработените.
Џош Духамел
Ни нејзиниот поранешен сопруг не го одминаа неволјите во воздушниот сообраќај. Во 2010 година, актерот одбил да го исклучи мобилниот телефон пред полетување, наспроти бројните предупредувања од стјуардесите.
А, откако и по сите молби продолжил да си пишува на неговиот BlackBerry уред, Џош Духамел бил конечно истеран од авионот на релација Њујорк – Лексингтон.
Наоми Кемпбел
Дел од патниците и екипажот на British Airways, посведочија за „турбуленциите“ што можe да ги предизвика дивата од модните писти. Епскиот инцидент на Наоми Кемпбел ги полнеше страниците на жолтиот печат во 2008 година.
Манекенката збеснала по сознанието дека ѝ го нема багажот. Одбила да се симне од авионот, па морале да интервенираат и полицајци. Ама, не поминале ни тие ништо подобро. Бесната ѕвезда ги плукала и клоцала, по што буквално ја одвлечкале од леталото.
Алек Болдвин
Aко нечие однесување може да се карактеризира како детинесто, тогаш тоа дефинитивно е постапката на славниот актер во 2011 година. На летот од Њујорк до Лос Анџелес, стјуардесите побарале од него да прекине со играта на мобилниот телефон, барем за време на полетувањето.
Наместо да ги послуша, Алек Болдвин го доживеал ваквото барање како провокација, па напишал низа лути твитови на нивна сметка. И завршил надвор од авионот.
Блек Чајна
Во јануари 2016 година, ѕвездата на реалното шоу беше приведена на аеродромот во Остин, откако влегла во дуел со персоналот. Блек Чајна, која за време на инцидентот била во алкохолизирана сојстојба, подоцна заврши и во притвор, бидејќи полицијата ѝ пронашла екстази во торбата.
За да ја извади старлетата од затвор, тогашниот партнер Роб Кардашијан, возеше цели 26 часа од Лос Анџелес до Тексас како нејзин спасител. Незаборавно искуство, зар не?
Дејвид Хаселхоф
Се чини дека качувањето во авион под дејство на алкохол, или, пак, дрога, претставува честа тема во Холивуд. Уште еден во низата е познатиот глумец од серијата „Baywatch“, кому оневозможен му бил влезот на лет од British Airways во 2006 година.
Дејвид Хаселхоф пристигнал „камен“ пијан на лондонскиот аеродром Хитроу. Во седум часот наутро.