Поранешниот партнер на сестрата на Бекам објави потресна исповед и фотка од нивната ќерка
- Детали
- среда, 17 октомври 2018
„Нема да сопрам сè додека не те држам вака повторно. Тие може да те оттргнат од мене, но не можат да ни ги одземат прекрасните спомени...“
Крис Донели (33) е поранешен партнер на сестрата на Дејвид Бекам, Џоан. Тие не се заедно од април годинава, но ја имаат ќерката Пеги која ќе ги поврзува засекогаш.
Сега, Крис ја прекина тишината објавувајќи фотографија на која ја држи ќерка си во раце со потресна исповед во описот:
„Нема да сопрам сè додека не те држам вака повторно. Тие може да те оттргнат од мене, но не можат да ни ги одземат прекрасните спомени што ги имаме или да застанат на пат на правењето на нови. Молчев премногу долго за ова.“
На објавата тој стави хаштагови кои покажуваат дека се бори за своите родителски права и дека ги поддржува кампањите каде таткото и мајката ќе имаат исто право да го гледаат детето по разделбата.
Крис, кој додека беше со Џоан, имаше близок однос со фудбалската легенда Дејвид Бекам изјави дека темата е чувствителна затоа што станува збор за познато семејство, но дека тој само сака да ја види ќерка си. Вели дека сето време и енергија ќе го посвети за да успее во тоа.
Не откри колку долго ја нема видено 10-месечната ќерка, но вели дека планира да ангажира адвокат.
Инаку, извор близок до парот вели дека Џоан и Крис со месеци имале тешкотии во односот, а доаѓањето на новороденчето само ги влошило работите. Неколку месеци потоа тие се разделиле.
Пеги била родена по помалку од една година откако парот почнал да се состанува.
С. С. | Црнобело