Жизел на шопинг, Кејт Мос на аеродром: Како и кога биле откриени популарните супермодели?
Кејт Мос, на 14 години
Реномиран скаут за модели, Сара Дукас, ја забележал Кејт како се расправа со татко ѝ на аеродромот во Њујорк.
Таа се качила на нивниот лет за Англија и веднаш им пришла. Во ’90-ите, соработките на Мос со Calvin Klein ѝ го донесоа статусот на модна икона, а таа владееше со пистите и кампањите во наредните 10 години.
Алесандра Амбросио, на 14 години
Таа почнала да оди на часови по манекенство во Бразил на 12 години, а продолжила со натпреварите и додека наполнила 14 години, веќе била финалист. За останатото, велат дека е историја.
Алесандра се има појавено во многу кампањи за познати брендови, а најпрепознатлива е како ангел на Victoria’s Secret, кој има прошетано на пистата на 17 шоуа.
Дауцен Крус, на 18 години
На 18 години таа живеела во Холандија и испраќала слики од неа на агенција за да заработи пари, па веднаш била ангажирана.
„Се чувствував многу млада, доаѓав од северот на Холандија и бев само еднаш во Амстердам пред да отидам во Њујорк. Беше голема авантура.“
Кендис Сванапул, на 16 години
Таа била откриена неочекувано во маркет, а додека наполнила 16 години, веќе била на модните писти во Париз.
М. М. | Црнобело