Жизел на шопинг, Кејт Мос на аеродром: Како и кога биле откриени популарните супермодели?
- Детали
- среда, 10 октомври 2018
Научени сме да ги гледаме популарните супермодели на модните писти, на црвен тепих и на кампањите на познатите брендови, но дали знаете како стигнале таму?
Некои од нив ја започнале кариерата уште од мали нозе, други биле малку поголеми кога ги откриле.
Дел од нив се откриени сосема случајно, без воопшто да се пријават на никакви аудиции поврзани со овој бизнис.
Од легендарните супермодели на ’90-ите до денешните ѕвезди – дознајте ги приказните за нивното откритие:
Наоми Кемпбел, на 15 години
„Ми пријде една жена и ме праша дали некогаш сум размислувала за манекенство. Тоа беше Бет Болт, главната на Synchro агенцијата. Мојата реакција покажуваше изненадување и возбуда. Мајка ми сакаше да останам во училиште и да ги довршам испитите, но јас ги сакав работите на мој начин, па по неколку недели отидов сама кај Бет. На првата посета, таа ми го направи патецот на средина, ме нашминка и ме однесе на кровот во училишна униформа за да направи неколку фотки. Со тек на време, мајка ми сфати дека можам да бидам манекенка, сè додека не ми пречи во учењето.“
Жизел Бундшен, на 14 години
Најскапо платениот модел во светот според Форбс, бил откриен додека била на шопинг во Сао Паоло, Бразил.
По првото зачекорување на модна писта на 14 години, таа се проби во светот на модата во ’90-ите и стана популарна благодарение на Alexander McQueen шоуто за пролет 1998.
Оттогаш, таа владее на модните писти, во модните кампањи, се има појавено во неколку филмови, а пишува и мемоари.
Џиџи Хадид, на 2 години
Џиџи ги наследила гените за манекенка од нејзината мајка, а кариерата ја започнала на 2 години.
Првично била откриена од ко-основачот на Guess кога била дете и се појавила во кампањата на Baby Guess.
Како тинејџер, повеќе се посветила на манекенската кариера и во 2013 потпишала договор со IMG.
Емили Ратајковски, на 14 години
Нејзиниот сон за актерство и манекенско се остварил на 14-годишна возраст кога потпишала со Ford models.
Помеѓу малите манекенски проекти, се појавила и во шоу на Nickelodeon. Се откажала од факултет по една година за да се посвети на кариерата, а славата ја достигна во 2011, кога се појави гола во музичкиот спот за песната Blurred Lines.