Славни парови на кои реално шоу им го уништи бракот
Клинт Иствуд и Дина Руиз
Некогашната презентерка на вести беше втората жена со која холивудскиот актер и режисер одлучи да заплови во брачните води, иако зад себе има повеќе долги врски. Клинт Иствуд и Дина Руиз си го кажаа судбоносното „да“ во 1996 година.
Беа во среќна заедница речиси две децении, сѐ дури телевизиските камери не им ја нарушија приватноста. Премиерата на реалното шоу „Mrs. Eastwood & Company“ се случи во 2012 година. Примарно ги следеше активностите на Дина, односно Франческа и Морган, најмалите ќерки на Клинт.
Тој наводно ја презирал сопругата поради одлуката да им ги изложи животите на ваков начин, па кон средината на првата сезона, односот помеѓу двајцата веќе беше во сериозна криза. Започнаа да живеат одвоено, а во 2014 година и официјално се разведоа.
Витни Хјустон и Боби Браун
Музичката легенда и сопругот се зедоа во 1992 година. Тринаесет години подоцна, публиката доби прилика да ја види „реалната“ Витни Хјустон, откако почна со емитување „Being Bobby Brown“ на телевизиската мрежа Bravo.
Проектот се покажа како вистинска катастрофа, а забрзано доведе и до разводот на славниот пар во 2007 година. Боби Браун ги уверил продуцентите дека пејачката ќе се појавува во шоуто.
Од друга страна, покојната дива беше искрена во разговорот со Опра Винфри, нагласувајќи дека тоа го направила исклучиво бидејќи е негова жена. Не се врати на малите екрани за втора сезона, а дотогаш, наводно Браун и Хјустон цело време се расправале.
Халк Хоган и Линда Хоган
Иако првичната цел на реалното шоу „Hogan Knows Best“ беше да претставува отскочна даска за музичката кариера на Брук Хоган, на површина испливаа повеќе валкани детали за родителите. Траеше четири сезони, по што снимањето прекина во 2007 година.
Продуцентите беа несигурни каква судбина им претстои на Халк и Линда Хоган. Истата година, сопругата поднесе барање за развод, после 24 години поминати во брак. Многумина веруваат дека причината е наводната афера на борачот со другарка на неговата ќерка.
Подоцна се појави и скандалозно порно видео, каде тој има односи и со жената на најдобриот пријател. Линда потврди дека Халк бил прељубник со години, а во одредени моменти дури и насилнички се однесувал кон неа.
Јоланда Хадид и Дејвид Фостер
Поранешната манекенка се омажи музичкиот продуцент во 2011 година. Недолго потоа, таа стана дел од екипата на „The Real Housewives of Beverly Hills“ во 2012 година. Majката на Бела, Џиџи и Анвар се приклучи во третата сезона, а три години подоцна, со сопругот поднесоа барање за развод.
Објавата за разделбата на Јоланда Хадид и Дејвид Фостер изненади многумина. Маж ѝ повеќепати се појави реалното шоу, па навидум делуваа како совршен пар. Ама, под површината, нештата не биле ни малку идилични како на малите екрани.
Честите отсуства на Фостер поради работата, како и фактот што не ја поддржа Хадид во миговите кога ѝ беше дијагностицирана Лајмска болест, несомнено го навестија крајот на љубовта.
М. А. | Црнобело