Ангел на Викторија предебел
- Детали
- четврток, 30 септември 2010
Еден од ангелите на Victoria’s Secret, Doutzen Kroes, открила дека не е пожелна на ревиите на одредени креатори. Откако минатата година се појавила на...
...модната писта носејќи ја колекцијата на Miuccia Prada, оваа година воопшто не била ни поканета да учествува на ревијата за пролет/лето 2011 поради нејзиниот изглед.
Прада ја шокирала јавноста кога ги оценила своите модели како прекрупни, иако креациите биле доволно широко за да сокријат и труднички стомак.
“Ми рекоа да ослабнам” открива Kroes. “Иако повеќето луѓе би ме сметале за исклучително слаба, мислам дека спаѓам во покрупните модели кои се поблиску до вистинските’ фигури со кои би се поистоветувале повеќето луѓе. Многу е важно да бидеме свесни за пораката што ја пренесуваме. Денес, осумгодишни девојчиња се веќе на диета затоа што се загрижени за својот изглед. Јас на таа возраст мислев само на слатки”.
Поучена од горкото искуство, денес повторно повеќе внимава на својата фигура со врамнотежена исхрана и секојдневно вежбање, додека пак пред некоја поважна ревија многу внимава што јаде: ги исфрла јаглехидратите и слатките.