Славни личности кои ги третирале нечовечки своите партнери
Адем Левин и Нина Агдал / Ен Ви
Пејачот можеби изгледа невино и харизматично, но неговите поранешни девојки го тврдат спротивното. Тој не собрал храброст да ѝ раскине на супермоделот Нина Агдал, туку целосно ја игнорирал без објаснување.
Тој (наводно) ја откачил и Џесика Симпсон преку смс порака, а ги раскажувал наоколу своите сексуални авантури со келнерката Ребека Гинос, како и поранешната девојка, Ен Ви, посрамотувајќи ги јавно двете.
Том Круз и Никол Кидман / Кејти Холмс
По 10 години среќен брак, Круз ненадејно ѝ побарал развод на Никол Кидман. Причината многумина ја пронаоѓаат во неговата опсесивна посветеност со скиентологијата како религиозна определба. Кидман признала дека барањето ѝ дошло како шок за кој ѝ било потребно време да го преброди.
Неговиот брак со Кејти Холмс се покажа уште побизарен, а многумина негодуваат дека целата работа била еден вид параван и договор. Наводно, Кејти морала да почитува многу правила од скиентилошката црква и не смеела да испушти никаков звук за време на породувањето со Сури.
По барањето за развод, Кејти изјавила се плаши за својата лична безбедност и за онаа на своето дете.
Гвинет Палтроу и Крис Мартин
Однадвор можеби изгледа сосема прибрано како да ги држи сите конци во своите раце, но Гвинет самата изјавила дека е „креатор на сопствената мизерија“.
Само 6 дена по изјавата дека се разделува од сопругот, пејачот на Coldplay, Крис Мартин, Гвинет била забележана како се бакнува со нејзиното поранешно момче Донован Лич.
Актерката, исто така, има изјавено дека ниту една од врските кои ги имала во минатото не успеале да преживее после 6 недели.
Ема Робертс и Еван Питерс
Внуката на Џулија Робертс се покажала како крајно проблематична и насилна девојка. Двојката се запознала за време на снимањето на филмот Adult World, а подоцна глумеле и во серијата American Horror Story.
Во 2013 година Робертс била уапсена во Канада затоа што физички го нападнала своето момче. Подоцна била ослободена, затоа што Еван решил да не ја тужи.
(О)Милена | Црнобело