Славни личности кои ги третирале нечовечки своите партнери
- Детали
- вторник, 25 септември 2018
Љубовта е подеднакво комплицирана за сите, како за анонимните, така и за славните личности. Само затоа што имаат многу пари и слава, не значи дека се имуни на љубовните проблеми.
Следниот пат кога ќе се соочите со некоја љубовна мака, имајте предвид дека не сте единствените и дека на далеку побогати и поуспешни луѓе им се случуваат многу полоши работи на љубовен план.
Кои ѕвезди ги третирале одвратно своите партнери?
Крис Браун и Ријана
Во 2008 година Крис и Ријана беа најжешката двојка меѓу славните. Само една година подоцна во 2009 година беа објавени фотографии на кои јасно се виде дека Ријана е брутално претепана од страна на својот дечко на забава пред Греми наградите.
Браун се изјасни како виновен и беше осуден на 5 години условна казна и 6 месеци општествено корисна работа. Подоцна изјави дека се чувствувал како чудовиште по инцидентот со Ријана.
Џон Деп и Амбер Херд
Се запознаа за време на снимањето на филмот The Rum Diary во 2009 година, а се верија 5 години подоцна.
Само 9 месеци по венчавката, Херд побара забрана за приближување упатена до Деп. Беа објавени фотографии каде што јасно се отслика нејзиното помодрено лице, а таа сведочеше за многу инциденти кои вклучуваа физичко насилство.
Иако многу славни ѕвезди застанаа во одбрана на Џони Деп, како неговата поранешна сопруга Ванеса Паради, режисерот Дејвид Јејтс и писателката Џ.К. Роулинг, сепак семето на сомнежот си го направи своето.
Мараја Кери и Ник Кенон
Нејзиниот брак со Томи Мотола бил толку лош, што во одреден момент таа морала да побара дозвола да излезе од дома.
Бракот со Ник Кенон се покажа многу постабилен, но и тој заврши со развод. Третиот свршеник на Мараја, Џејмс Паркер изјави дека пејачката ги третирала своите партнери како ѓубре, а во еден момент му го фрлила лаптопот низ прозорецот, само затоа што имал пуштено песна од Бијонсе.
„Типична Мараја, ги извртува работите кои не ѝ се допаѓа како звучат“, изјави Паркер. Парот воопшто не стигна до олтарот.
Бред Пит и Џенифер Анистон / Анџелина Џоли
По бурниот развод со Џенифер Анистон, Пит ја обележа оваа актерка како „најтажната жена“ во светот на славните, етикета што ќе ја следи во текот на целата нејзина кариера до денешен ден.
Иако Пит тврдел дека имал само „емоционална афера“ со Џоли за време на снимањето на филмот Mr. and Mrs. Smith, двајцата имаа заедничка фотосесија во која позираа како среќно семејство, уште пред да се финализира разводот со Анистон.
Што се однесува до врската (и бракот) со Анџелина Џоли, беа во среќна заедница скоро цела една декада, но во 2016 година актерката поднесе барање за развод, со појаснување дека Пит има проблеми со злоупотреба на супстанции како алкохол и дрога.
Самиот актер изјави дека не памети од кога не поминал ден без пијалак или малку марихуана.