Моќни лекции за љубовта од Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс
Пријателството е централната точка на врската
Се разбира, дека во долгите врски важно е да се одржи искрата жива, но Блејк и Рајан велат дека најважно е да си во брак со некој што го сметаш за пријател затоа што пријателството ќе опстане, дури и кога ќе заврши фазата на меден месец.
Ценете ја напорната работа на партнерот
Кога добија бебе заедно Рајан јавно говореше колку многу го цени трудот и посветеноста на Блејк на домаќинството, а кога некој ви дава признание за напорната работа, тогаш сè е полесно.
Разбирање за кариерата на партнерот
Колку и да е „чудна“ работата на вашиот партнер, вие мора да имате разбирање затоа што тој чувствува страст кон неа.
Убаво е да имате некој што ве разбира и со кој можете да ги споделите проблемите.
Секогаш работете како тим
Да бидете еден тим е основата на среќен и долг живот заедно. Блејк и Рајан велат дека сè што прават во животот прават заедно и си помагаат.
С. С. | Црнобело