Славни двојки кои глумеа дека се совршен пар - додека папарацо фотки не го докажаа спротивното
- Детали
- среда, 01 август 2018
Порано или подоцна, мнозинството парови ќе се соочат со проблеми, или, пак, несогласувања во врската. Малкумина се подготвени ова и да го признаат пред другите луѓе. Особено холивудските ѕвезди, чии врски се секогаш идилични, дури не се распаднат пред очите на јавноста.
Додека позираат за насловните страници на магазините, тие разменуваат насмевки, прегратки и бакнежи. И, изгледаат совршено, зар не?
Сепак, додека „обичните“ смртници им завидуваат на слогата и хармонијата, зад кулисите на гламурот баш и не царува идилата.
Постојат агенти и публицисти, кои напорно работат на одржување на позитивниот имиџ на своите пулени. Од другата страна се папараците, чиишто фотки сурово ја отсликуваат реалноста.
Тие ги „ловат“ познатите фаци и во моментите кога мислат дека никој не ги гледа. За разлика од намонтираните.
Колку и да глумат дека во нивната врска нема проблеми, говорот на телото ги издава дека не е баш така. Напротив.
Од студени фацијални експресии до замавнувања со рацете, одредени гестикулации се јасен доказ дека помеѓу двојката постои конфликт или нетрпеливост.
Една слика вреди илјада зборови. Овојпат разгледуваме низа такви сцени, каде беше соголена интимата на холивудските љубовни тандеми.
Прикажани се среде расправија, непријатна размена на погледи, или, пак, дури и физички контакт со партнерите.