Омилените доктори на ѕвездите: Како изгледаат најбогатите естетски хирурзи во светот?
6. Доктор Тери Даброу
Покрај учествата во повеќе реални шоуа и соработката со мноштво славни клиенти, докторот Тери Даброу стекна реноме на естетски хирург кој ги поправа грешките на неговите колеги.
Поточно – им ја враќа надежта на сите пациент(к)и кои се незадоволни од направените пластични операции. И има заработено најмногу пари од сите досега наведени естетски хирурзи.
Неговото богатство се проценува на 30 милиони долари.
7. Доктор Пол Насиф
Во својата клиника на Беверли Хилс, тој ги прави најдобрите естетски корекции на носот. Докторот Пол Насиф е специјалист за ринопластика и лифтинг.
Нуди и мноштво други третмани за подмладување на кожата, како што се филери или ботокс. Зеде учество во емисијата „Dr. 90210“, а беше во брак со ѕвезда од реалното шоу „The Real Housewives“. Добар пријател ѝ е на мама Крис Џенер.
Неговото богатство се проценува на 14 милиони долари.
8. Доктор Аиша Барон
Единствената дама на листата има најинспиративна животна приказна. Откако таа го победила ракот, нејзината главна мисија е да им помогне на мајките да си ја повратат старата фигура, после бременоста и раѓањето на детето.
Доктор Аиша Бартон вели дека работи со неизмерна страст и ги мотивира и другите луѓе да го следат својот сон. Иако е релативно нова во професијата, кариерата ѝ е во подем.
Нејзиното богатство се проценува на 550 илјади долари.
9. Доктор Мајами
Тој е еден од најактуелните естетски хирурзи на денешницата, бидејќи операциите ги пренесува во живо на социјалните мрежи.
Можеби ова е причината поради која ѕвездите немаат смелост да закажат термин кај доктор Мајами, иако важи за вистински мајстор во занаетот. Од бразилско подигнување на задникот до силиконско зголемување на градите – го бива буквално за сѐ .
Неговото богатство се проценува на 1.8 милиони долари.
10. Доктор Рандал Хаворт
Последниот на списокот, пак, се соочи со низа скандали поврзани со работата. Поранешен пациент го обвини за шокантно однесување, како користење дрога и гледање порно видеа за време на операција.
И во минатото се соочи со слични обвинувања, но ниту едно не беше докажано. Во меѓувреме, докторот Рандал Хаворт ги разубавува ѕвездите во Беверли Хилс.
Неговото богатство се проценува на 2.4 милиони долари.
М. А. | Црнобело