Таткото на Меган нема да присуствува на кралската венчавка заради срцев удар и наместените фотки
- Детали
- вторник, 15 мај 2018
Томас Маркл, таткото на Меган Маркл, за TMZ изјавил дека нема да присуствува на кралската венчавка и нема да ја испрати својата ќерка до олтарот, заради контроверзните наместени папарацо фотки.
Исто така, изјавил дека пред 6 дена доживеал срцев удар, но успеал брзо да излезе од болница.
Сепак, „сега е одлучен дека нема да присуствува бидејќи не сака да го посрамоти кралското семејство или својата ќерка“ е објаснувањето.
Томас за TMZ призна дека фотките се наместени, а откри и дека му биле понудени од 10 до 50 илјади фунти за интервјуа, меѓутоа ги одбил понудите.
Пријателка на Меган и Хари пак, вели дека тие не сакаат што скоро пред венчавката се случуваат вакви инциденти:
„Меган очигледно го сака својот татко на церемонијата. Таа и принцот Хари ги молат луѓето да му остават простор, додека се обидуваат да му помогнат и да му пружат поддршка. Очигледно е дека се чувствува како да е под притисок. Грижата за него од страна на Меган и Хари е навистина прекрасна.
Хари е скршен. Чувствува дека ова е уште една работа која тој ја предизвикал. Смета дека секој кој ќе влезе во неговиот живот, ја плаќа истата цена. Сака да ја заштити Меган и ова е прилично тешка ситуација за него.“
М. Д. | Црнобело