Марго Роби откри зошто работењето на филмски сет е ужасно тешко + најдобрите фотки од неа
- Детали
- петок, 13 април 2018
Неверојатната убавица од Австралија полека, но сигурно се лансира во ѕвездите со помош на својот талент.
Австралиската актерка, за која светот дозна од филмот „The Wolf of Wall Street“ (2013), каде покажа тон сексапил покрај Леонардо ди Каприо, со секој нареден проект постигнува сè поголеми успеси.
Марго Роби постојано добива пофалби за нејзините улоги и номинации на најзначајните светски филмски манифестации, каде се појавува во завидни изданија на црвениот килим.
https://www.instagram.com/p/Bgfq-BGBszf/?hl=en&taken-by=margotrobbie
Сепак, таа откри дека снимањата на филмовите не се така гламурозни, како што многумина филмски фанови замислуваат.
„Луѓето мислат дека постојат луксузни услови, но често местата на снимање изгледаат како градилишта и ние по цел ден мора да користиме мобилни тоалети“, изјави 27-годишната ѕвезда.
„Но, и покрај ужасните услови, сепак филмските сетови ми се омилено нешто затоа што таму се чувствувам комплетно слободна. Сите сте таму за да работите и имате иста цел која ве спојува. Сепак, сетовите дефинитивно не се гламурозно место“, додава таа.
Неодамна, Марго беше номинирана за Оскар за најдобра актерка за филмот „I, Tonya“.
Дел од нејзините најдобри фотки:
С. С. | Црнобело