Ѕвезди кои знаат како да направат баланс помеѓу работата и одгледувањето деца
- Детали
- четврток, 12 април 2018
Поголем дел од луѓето мислат дека за да имаат успешна кариера не треба да имаат семејство.
Но сепак, ако имате добра организација и имате голема желба, не значи дека едното со другото не оди.
Ако мислите дека вие не можете, сетете се на славните личности, кои имаат огромна слава и кариера, а сепак прават сè за нивните деца да бидат одгледани правилно и да поминат време со нив.
Погледнете што прават тие и земете пример од нив:
Дру Баримор
Актерката измислила специјален календар, на кој поголемата ќерка ги брои деновите пред пристигнувањето на нејзината мајка од работа.
Таа смета дека тоа им помага на децата полесно да се справат со деновите кога се разделени.
Дру е позната по тоа што ги држи строго и ги држи настрана од нејзината работа двете деца.
Крис Хемсворт
Актерот вели дека соработката со хуманитарните детски организации му била добра вежба и му помага да се справи со воспитувањето на децата, на кои сака да им даде сè што тој немал.
За врската во семејството да биде посилна, тој предлага споделување на нивните интереси со децата, па така тој ја учи неговата ќеркичка да сурфа и прават многу заеднички активности заедно.
Жизел Бундшен
Моделот смета дека интересот за здрав животен стил треба да се пренесе кај децата уште од најмали години.
Нејзината ќерка практикува јога уште од 10 месеци, а што се однесува до детето на нејзиниот сопруг, кое не е нејзино, таа вели дека го сака исто како да ѝ е син бидејќи семејството треба целосно да ја почувствува љубовта наместо некој да биде отфрлен.
Двејн Џонсон
Актерот смета дека неговата родителска улога е една од најголемите улоги кои ги имал во животот. Тој е подготвен да се бори со стравовите на неговите деца и да направи сè за тие да имаат удобен живот.
Крис Прат
Актерот обожава да оди на риболов со неговиот син, а неговата цел била децата да му бидат независни од најмала возраст.
Овој став на воспитување е позитивен пример, заради што сега неговиот син сака да биде како него, па Крис вели дека Џек јаде многу за да порасне како тато.
Кристијано Роналдо
Фудбалерот е многу посветен на неговите деца, а тој уште од најмала возраст му го пренесува искуството на најстариот син, дури и во бизнисот.
Неговата мини копија му помага да создаде колекција на облека и го поддржува на теренот.
Тој смета дека треба да се учат децата од мали на спорт бидејќи тоа е најдобриот начин за да станат број 1.
Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли
Двајцата се обидуваат да ги одгледаат децата без помош од никој и се откажале од дадилка, а доказ за тоа е Рајан кој ја завршува „валканата“ работа во домот.
Сепак, и покрај тоа тие наоѓаат време за сè и се одлични родители и пример за своите 2 деца.
М. М. | Црнобело