Која е Нери Оксман, паметната убавица со која Бред Пит се зближува после Анџелина Џоли?
- Детали
- среда, 11 април 2018
Откако бракот на Бред Пит и Анџелина Џоли заврши, Бред беше поврзуван со повеќе жени, но за ниту една немаше доволно добри извори како за најновата паметна убавица – Нери Оксман.
Нери Оксман, 42-годишна професорка и архитект, го запознала славниот актер преку заеднички познаници, кои ја препорачале Нери на Бред, откако по разводот со Анџелина сакал да се посвети на својата втора љубов – изработка на скулптури.
„Нивното пријателство сè уште не прераснало во романса бидејќи и двајцата се посебно внимателни, но од друга страна, тоа е многу повеќе од само деловна соработка. Бред е и тоа како заинтересиран да помине повеќе време во друштво на Нери, која го фасцинира.“ – вака блиски извори до Бред го објаснуваат нивниот однос.
Но, она што нам нè интересира е – која е Нери?
1. Оксман ѝ служела на војската. Со потекло од татко Американец и мајка Израелка, Оксман отслужила воен рок во израелската војска пред да аплицира да изучува медицина.
2. Нери Оксман станала професорка на МИТ (Масачусетс Институт за технологија) во 2010-та година.
3. Таа го измислила терминот „материјална екологија“ на почетокот на нејзината кариера.
4. Нејзиното најпознато дело е креација изработена од црви. Свилени буби поточно, па затоа самиот дизајн го носи името свилен павилјон.
5. Била омажена за аргентински композирот Освалдо Голијов. Стапила во брак во 2011-та година, но по неколку години се развеле.
6. Била прогласена за еден од 50-те најбогати евреи од Ерусалим пост во 2016-та година.
М. Д. | Црнобело