Кое дете од семејството Кардашијан - Џенер ќе има најтешко детство и зошто?
Нејзините родители имаа насилен однос
Обвинувањата за насилство од двете страни и врескањето во ТВ шоуто „Rob & Chyna“, покажуваат дека родителите на Дрим немале добар однос кога биле заедно.
Потоа тие се разделија и Чајна го тужеше Роб, но кога прифати да ѝ плаќа 20.000 долари месечна алиментација ја повлече тужбата.
Нејзината мајка го изигра и искористи нејзиниот татко
Роб ѝ беше само алатка за одмазда на Блек Чајна кон некогашните пријателки Кардашијан – Џенер и тоа семејството нема никогаш да го заборави.
Таа го искористи, исто така, за да стекне слава.
Дрим нема да минува многу време со братучедите
Блек Чајна не била поканета ниту на божиќната прослава на семејството Кардашијан во 2016 година, кога се уште била свршена со Роб.
Логично е дека Дрим во текот на животот нема да биде толку поврзана со семејството, затоа што нејзината мајка навистина е непосакуван лик во нивното опкружување.
С. С. | Црнобело