Какви подароци добивале членовите на британското кралско семејство низ годините?
- Детали
- сабота, 17 март 2018
Сите се во исчекување на новата свадба во британското кралско семејство, односно свадбата на принцот Хари и Меган Маркл.
А, сигурно многумина се љубопитни и какви подароци ќе добие парот.
Тешко е да се претпостави, но можеме да ви откриеме какви сè подароци добивале членовите на кралското семејство со текот на годините.
Можеби очекувате нешто премногу, но всушност многу од нив може да ве изненадат со својата скромност.
Погледнете дел од нив:
Престилка за готвење за Меган Маркл од принцот Хари
Златна кутија за кралицата Елизабета
Хирохито, поранешен император на Јапонија ѝ ја подарил годината кога таа била крунисана.
iPod за кралицата Елизабета
Мишел и Барак Обама ѝ подариле iPod со говори на Барак, вклучувајќи го и инаугурацискиот.
Рачно изработена бразлетна за Кејт Мидлтон
Војвотката ја добила бразлетната за време на посета на некоја академија во 2014.
Капа за туширање за кралицата Елизабета
Чудно, но принцот Хари ѝ има подарено на баба му капа за туширање со натпис „Ain’t Life a Bitch“.
Кошаркарски дресови за принцот Вилијам, Кејт и принцот Џорџ
Леброн Џејмс им подарил кошаркарски дресови на кои пишува „Кембриџ“.