Совети кои може да ги примените: Како се негуваат најубавите славни жени?
Гвинет Палтроу
Секогаш ја чистам кожата и ја навлажнувам пред спиење. Порано се бришев со влажни марамчиња и вода, но сега имам над 40 години и време е да користам производи за нега секојдневно. Правете ексфолиација на кожата со топла облога и пилинг. Со текот на годините ќе сфаќате како шминката влијае на лицето.
Марија Шарапова
Не користам многу шминка и немам посебни тајни, но најважно е да се негува кожата. Можеби единствена тајна ми е тоа што од 7 години редовно користам крем за сончање заради изложеноста на сонце на теренот.
Камерон Диаз
Во поголем дел од времето, мојата исхрана е правилна и балансирана и сега разбирам што значи да се храниш здраво и да му ја дадеш потребната енергија на телото. Секој ден ми е различен. Ако спортувам нешто, јадам јаглехидрати, ако имам напорен тренинг – јадам протеин.
Џесика Алба
Мразам фитнес, досадно е. Вежбам само кога работата го бара тоа од мене за да бидам во добра физичка форма. Тајната е во тоа што се обидувам да јадам сè што јадат моите деца – чист протеин, свежо овошје и зеленчук, ништо конзервирано.
Ирина Шајк
Имам добри гени, но сепак морам да се форсирам да тренирам. Сакам да изгледам добро на секоја возраст. Но имам еден проблем – многу сакам да јадам. Сакам хамбургери и пилешки прсти. Но, ако се одлучам да јадам нешто такво, морам напорно да вежбам. Мора постојано да се подобрувам, нема одмор.
М. М. | Црнобело