Совети кои може да ги примените: Како се негуваат најубавите славни жени?
- Детали
- недела, 18 март 2018
Познатите убавици навистина знаат како да се грижат за себе, како за убавината, така и за здравјето.
Токму затоа, добро е понекогаш да ги следиме нивните совети и да се поистоветиме со некои од нив, бидејќи на крајот на денот, и тие се „обични“ луѓе.
И тие имаат подеми и падови, и на нив не секогаш им е лесно да се соочат со стареењето, и тие бараат начин на кој ќе се релаксираат и опуштат.
Погледнете што изјавиле ѕвездите по тоа прашање:
Шерон Стоун
Кога влегов во 5-та деценија, имав еден момент. Влегов во бањата со шише вино, ја заклучив вратата и реков „Нема да излезам од овде додека целосно не се прифатам каква што сум.“
Гледав во ликот и телото во огледалото, плачев и плачев. Потоа се запрашав како сакам да го поминам времето и стареењето. Помислив дека сакам да остарам како танчарките.
Сакам да танцувам и да се истегнувам, па одам во теретана. Сега секој тренинг ми е различен и преферирам природна храна, која се прави лесно.
Џулија Робертс
Главната тајна за убавина е среќата – колку си посреќен, толку си поубав на стари години. Пред одреден период ми беше роденден и не бев многу возбудена. Но, долетав до Лос Анџелес и таму ме чекаа пријателите и семејството, ми организирале забава, пееја за мене и си поминавме прекрасно. Со толку убави емоции, годините не се страшни. Без сомнеж, среќата е во семејството.
Блејк Лајвли
Топла купка, спиење и гледање кулинарско шоу од кревет е најдобриот начин за релаксација. За да се чувствувате исполнето и целосно, не ви е потребна шминка, само едно нешто – кармин или маскара, тоа што ве прави да се чувствувате убаво и самодовербата ќе дојде сама по себе.
Меган Фокс
Се хранам здраво и не внесувам леб и погрешни јаглехидрати. Не јадам грицки и не јадам помфрит. Не внесувам ништо нездраво, а најлошото што си го дозволувам е кафето, еднаш на ден.
Џенифер Анистон
Кога е топло, се обидувам да ставам што помалку шминка. Во лето, користам хидратантен крем и заштита од сонце со фактор 30. Дава прекрасен ефект, а потоа ги покривам недостатоците со коректор, ставам руменило и бронзер.