Меган Маркл во инспиративна посета за Денот на жената, прегрна девојче кое сонува да стане актерка
- Детали
- четврток, 08 март 2018
Меган Маркл и пирнцот Хари денес беа во инспиративна посета на Бирмингем по повод Денот на жената, каде беа пречекани од голема група луѓе вклучувајќи и мали дечиња, ученици...
Хари го извлече малечкото девојче од толпата за да ја запознае со Меган Маркл, бидејќи му довикала дека кога ќе порасне сака да биде актерка.
Софија Ричардс е името на малото девојче кое ја имаше честа да биде прегрнато и охрабрено од Меган.
„Меган ми рече дека еден ден ќе ме гледа додека глумам на филмското платно,“ открива Софија по блиската средба.
За време на посетата Меган Маркл беше облечена во елегантна комбинација од црни панталони и салонки, бела ролка и тегет капут и чанта.
Принцот Хари модно се усклади со тегет комбинација.
M. Д. | Црнобело