Пенелопе Круз елегантна, нејзиниот сопруг Хавиер Бардем со патики на црвениот килим (фото)
- Детали
- четврток, 08 март 2018
Дали некој може да го заборави филмот „Vicky Cristina Barcelona“? Дали некој може да ја заборави бурата од емоции помеѓу Пенелопе и Хавиер во сцените?
Тие се вљубија на снимањето на култниот филм „Vicky Cristina Barcelona“. Пенелопе Круз (43) и нејзиниот сопруг Хавиер Бардем (49) 10 години подоцна изгледаат подеднакво вљубено.
Парот блесна на премиерата на филмот „Loving Pablo“ во Мадрид.
За оваа пригода Пенелопе облече светкав фустан со впечатлив крој, а Хавиер се појави во одело, кое го искомбинира со патики. Патики ретко гледаме на црвениот тепих, па ова беше интересен потег.
Пенелопе откри дека снимањето на филмот со нејзиниот сопруг било вистински предизвик затоа што станувало збор за глумење на тешки ликови и сцени со многу голем психолошки и емоционален терор.
„Loving Pablo“ е контроверзна романса базирана на вистински настани, која ја раскажува аферата помеѓу оженетиот нарко бос Пабло Ескобар и новинарката Вирџинија Ваљехо.
Како изгледаа Пенелопе и Хавиер на шпанската премиера:
С. С. | Црнобело