Мишел Обама се запозна (и танцуваше) со девојчето кое беше воодушевено од нејзиниот портрет
- Детали
- четврток, 08 март 2018
Ако изминативе неколку недели будно ги следевте случувањата низ светот, големи се шансите да налетавте на фотографијата на која едно малечко девојче стои пред портретот на Мишел Обама и се воодушевува на глетката.
Фотографијата била направена кога девојчето ја посетила National Portrait галеријата со нејзината мајка.
Наскоро се откри идентитетот на 2-годишното девојче – Паркер Кари.
„Како малечка личност, гледајќи во толку огромен портрет, можам само да замислам колку ѝ е фасцинантно. Тоа беше прекрасен момент,“ вели мајката на Паркер.
„Во светот во кој живееме денес, само се обидувам да израснам девојче кое има можност да види дека жените како неа прават прекрасни и важни работи,“ дополнува.
Откако фотките се проширија вирално, малечката Паркер имаше една желба – да ја запознае Мишел.
Кога беше запрашана што би ѝ кажала на Обама, малечката итрица одговара: „Таа е кралица!“
This little girl thinks Michelle Obama is a queen 😭 pic.twitter.com/orv4G0rZvD
— AM2DM by BuzzFeed News (@AM2DM) March 5, 2018
Подгответе се за јаготката на шлагот – Мишел Обама и Паркер Кари се запознаа и танцуваа заедно:
Parker, I'm so glad I had the chance to meet you today (and for the dance party)! Keep on dreaming big for yourself...and maybe one day I'll proudly look up at a portrait of you! pic.twitter.com/faUVTsYWun
— Michelle Obama (@MichelleObama) March 6, 2018
М. Д. | Црнобело