Со стар фустан во ново издание: Кејт Мидлтон блеска со труднички сјај (фото)
- Детали
- среда, 07 март 2018
Со бранови во косата и фустан во боја на мастило, Кејт Мидлтон во уште едно одлично трудничко издание.
Војвотката од Кембриџ, која брои ситно до породувањето, блескаше во син фустан на отворањето на просториите на Place2Be, хуманитарна организација посветена на менталното здравје на децата.
36-годишната Кејт Мидлтон се појави во фустан од брендот Seraphine, кој го носеше пред само неколку седмици на ручек со норвешкото кралско семејство во Осло.
Кејт очигледно ужива во дружбата со децата и блеска со труднички сјај.
Таа повторно ја покажува својата скромност по која е препознатлива, па не е ни чудо што ја обожаваат милиони луѓе ширум светот:
С. С. | Црнобело