Сè што знаеме за тајната „bridal shower“ забава на Меган Маркл
- Детали
- среда, 07 март 2018
Свадбата на принцот Хари и Меган Маркл ја очекуваме во мај годинава, но според извори, идната невеста изгледа имала тајна „bridal shower“ забава.
„Bridal shower“ е забава организирана за идната невеста каде се даваат подароци, кои може да послужат за домот во кој младоженците ќе живеат.
Наводно, забавата на Меган била со СПА, со најблиските пријатели, а се одвивала во Soho Farmhouse, членски клуб на ексклузивен хотел кој се наоѓа на село во Оксфордшир.
„Маркус Андерсон помогна да се организира забавата за Меган и мала група на најблиски пријателки. Ништо посебно, релаксирачки ден со добра храна и уживање.“ – изјавил изворот за E!.
https://www.instagram.com/p/Bf-cfvlHpTP/?taken-at=1020901352
Не е познато точно кои биле дел од забавата, но наводно присуствувале писателката Линдзи Џил Рот и основачот на Pilates Platinum, Хедер Дорак, како и дизајнерката Миша Ноно.
Не е познато ниту дали Кејт Мидлтон присуствувала на оваа забава, но се верува дека ќе се придружи на моминската забава која исто така се очекува да биде приватна и тајна.
Имотот каде се одржала забавата зафаќа 40 хектари, а содржи колиби, внатрешен и надворешен базен, кино, тениски игралишта и спа.
Фотките од настанот се чуваат во тајност, но може да погледнете како изгледа местото каде се одржала забавата:
М. М. | Црнобело