Парфем за „хејтерите“: Кои непријатели ќе добијат подарок од Ким Кардашијан?
- Детали
- вторник, 06 февруари 2018
Едни ја нарекоа „ороспија“, други ѝ се подбиваа и ја критикуваа поради разголените селфи фотки, а трети војуваат со целото семејство на старлетата.
Сепак, госпоѓата Вест реши да им го честита претстојниот празник Св. Валентин, со мал знак на внимание од нејзина страна. Чии имиња се најдоа на листата од Ким?
По сѐ изгледа, скандалозната Ким Кардашијан се држи до изреката: „Пријателите чувај ги близу, а непријателите уште поблиску“.
Како поинаку би ја објасниле нејзината одлука да им испрати подароци за денот на вљубените, не само на своите пријатели, туку и на бројните непријатели, односно „хејтери“ што ги стекна низ годините?
На личниот профил на Инстаграм, старлетата неодамна го објави списокот на личности што празнично ќе ги почести со својот нов парфем.
Покрај семејството и пријателите, на листата се најдоа и дел од оние кои важат за нејзини „смртни“ непријатели. Обид да ги смири односите, или, пак, нова провокација од Ким?
Кога е госпоѓата Вест во прашање, никогаш не сме до крај сигурни во искреноста на намерите.
А, со ваквиот гест, таа дефинитивно им испрати порака на сите ѕвезди, чиишто имиња ги испиша на сини ливчиња. Верните фанови забележаа дека таму се напишани само нејзините „хејтери“.
Најмногу отскокнува името на пејачката Тејлор Свифт, со која таа и сопругот Канје Вест се „поткачија“ повеќепати во минатото.
Последниот конфликт им беше во 2016 година, поради неговиот спот за песната „Famous“, каде се појави и голата двојничка на Тејлор.
На сината листа на Ким се најде и Блек Чајна, поранешната девојка на нејзиниот брат Роб Кардашијан. Откако го напушти, таа завојува со целото семејство на ѕвездата од реалното шоу.
Мирис со потпис на старлетата ќе им пристигне и на најжестоките критичари на нејзината гола селфи фотографија од 2016 година: Пинк, Клои Грејс Морец, Пирс Морган и Бет Мидлер.
Шерон Озборн, пак, ќе добие парфем за Св. Валентин, бидејќи Ким Кардашијан ја нарече проститутка, додека Сара Мишел Гелар, Џенис Дикинсон, Венди Вилијамс и останатите имиња на сини ливчиња, подарокот го „заслужија“ со тоа што јавно ја критикуваа старлетата.
Таа памти, па им враќа.
Изненадени сте што Парис Хилтон ја нема на левата страна oд списокот? Таа не ѝ е повеќе непријателка, па на домашна адреса веќе ѝ стигна изненадување. Исто вакво пакетче ги очекува и споменатите ѕвезди.
Дали ќе го прифатат подарокот од Ким? Останува да видиме.
М. А. | Црнобело