Spice Girls на светска турнеја: Првиот настап ќе биде на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл?
- Детали
- понеделник, 05 февруари 2018
Фамозната група од '90-тите повторно ќе ја видиме на сцената и тоа можеби токму на кралската свадба.
Иако Викторија Бекам велеше дека никогаш повторно не би настапувала како дел од групата Spice Girls, изгледа дека сумата од 10 милиони фунти на ден го промени ставот на модната дизајнерка и некогашна пејачка.
По две години преговори таа конечно се согласи да појде на светска турнеја со некогашните колешки од групата Spice Girls.
На турнејата, Викторија Бекам (43) заедно со Гери Халиуел (45), Ема Бантон (42), Мелани Си (44) и Мел Би (42) ќе се потсетат на старите добри времиња, кога тие беа хит женска група што го тресеше светот и имаше армија фанови.
Последен пат пееја заедно во 2012 година, а сега Гери изјави дека сакаат нивниот прв настап да биде на кралската свадба на принцот Хари и Меган Маркл, бидејќи Меган била огромен фан на бендот во '90-тите.
Гери додава дека нивното враќање на сцената сакаат да биде во британски стил и кралската свадба е одлична пригода за тоа.
Светската турнеја е сигурна, но дали навистина првиот настап ќе биде на 19-ти мај на кралската свадба останува да видиме.
С. С. | Црнобело