Џеј Ло за само 2 часа промени 8 жешки костими на концерт пред Super Bowl
- Детали
- понеделник, 05 февруари 2018
Џеј Ло дефинитивно знае што треба за спектакуларно шоу.
48-годишната латино дива одржа енергичен концерт во саботата вечер, пред Super Bowl спектаклот, за време на кој промени 8 костими - сите подеднакво провокативни.
Публиката беше воодушевена од разновидноста на 2-часовното шоу.
Сите очи беа вперени во нејзините совршено стегнати облини и прекрасната силуета.
Големо внимание привлече и со новата песна „Us“, која премиерно ја изведе токму на овој концерт, а е посветена на нејзиното момче Алекс Родригез со кого во саботата ја прославија првата годишнина.
„Заедно сме точно една година. Не сакам да станам сентиментална и слично, но, оваа песна е за тебе. Те сакам,“ му се обрати на Алекс“
Каталог од 8 изданија во само 2 часа:
М. Д. | Црнобело